Достоинството на личноста на должникот при извршувањето

Достоинството, честа и угледот на личноста на должникот и членовите на неговото семејство ужива неприкосновен степен на законодавна, институционална и професионална заштита особено од страна на Извршителите како вршители на јавните овластувања кои непосредно го спроведуваат извршувањето.

Но наспроти високо неприкосновената заштита на личниот интегритет, чест и достоинство на личноста на должникот, Законот за извршување ги изедначи доверителите во правото на заштита на нивниот имот и имотни права кои ги остваруваат при извршувањето со правата востановени во корист на должникот.

Законот за извршување напуштајќи ја фаворизираната позиција на должникот создаде правни основи за ефикасно остварување на правата на доверителите пропишувајќи дека извршувањето може да се спроведе врз целокупниот имот и имотни права од должникот кому му е овозможена и судска заштита при појавување на незаконитостите при извршувањето.

Ваквата стекната позиција на доверителите секако не навлегува во заштитата на должникот во однос на спроведување на извршувањето врз неговиот имот и имотни права кои задираат во правато за изземање од извршување на средствата кои се нужно опотребни за неговото издржување како и издржувањето на членовите на неговото семејство како и наружувањето на достоинството на неговата личност и личностана членовите на неговото семејство.

Ваквиот корпус на соодносот на правата од доверителот и должникот создаде основи национално законодавство да ги стави Извршителите во позиција на одговорни актери на ефикасната реализација на досудените права од доверителот и заштитници на должникот, кое нешто се поинтензивно се оживотворува во праксата и води кон хармонизација на домашната јурисдикција со легислативата на Европската Унија во оваа свера кон која несомнено се стремиме на патот кон европските интеграции.