uТекстот е публициран во Гласилото на Комората на Извршители на Република Македонија “ПРАВДА“ од 10–12 Октомври 2015 година кое се објавува во дневниот Весник Нова Македонија

Извршува ње одлука на странски суд во РМ Автор М-р Ана Климоска

ГЛАСИЛО на КИРМ “ПРАВДА“

СТАВ

Во 2012 година од страна на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија беше донесена Kонвенција за извршување на странските судски одлуки, со која се измени веќе постојната Kонвенција во Европската Унија што стапи во сила 10 Jануари 2015 година.

Целта на реформите е намалување на времетраењето на постапките и зголемување на ефикасноста на судството во Европската Унија.

Досегашните процедури за признавањето на одлуките се упростуваат, односно судска одлука донесена од судот на една земја-членка на Европската Унија ќе се признае и извршува во друга земја-членка на Унијата без посебна процедура.

На овој начин ќе се скрати процедурата за признавање на одлуките и ќе се смета дека таа одлука е донесена од судот што ќе ја изврши одлуката.

Во Република Македонија пак, која не е земја-членка на Европската Унија, одлуките се признаваат според Законот за меѓународно приватно право, а извршувањето се спроведува според домашните закони.

За да се признае странска судска одлука значи на неа да се дозволи да произведе правно дејство на територијата на државата што ја признава таа одлука, односно одлуката да стане правосилна.

Откако одлуката ќе стане правосилна, истовремено одлуката ќе стане и извршна, а понатамошното нејзино спроведување на извршување ќе се води според домашните закони на државата што ја признала одлуката. Во однос на признавањето на одлуките, балканските земји имаат речиси исти одредби за признавањето со одредбите за признавање во Македонија, додека пак земјите-членки на Европската Унија ги признаваат според Конвенцијата.

Најмногу случаи во врска со признавање странски судски одлуки во македонските судови имало за развод на бракови. Досегашното искуство покажува дека Законот за меѓународно приватно право за признавање на одлуките и Законот за извршување главно имаат солидни одредби за регулирање на егзекватурата.

Сепак, согледано низ компаративна анализа, заеднички за сите европски системи на извршување е заклучокот дека ефективното извршување на обврзувачка судска одлука е основен елемент на владеењето на правото.

Ако извршувањето е поефикасно, во тој случај и целиот правосуден систем би бил поефикасен.

Автор :

М-р Ана Климоска 🇲🇰

Стручeн Асистент. Канцеларија Пулејков

pulejkov.com me.pulejkov.com