Како 99schools ќе ви помогне

99Schools
2 min readNov 7, 2021

--

Денeска сме дефинитивно сведоци на одредени трендови во едукацијата. Огромен дел од новозапишаните студенти одлучуваат да студираат на некои од информатичките факултети, што е сосема разбирливо, голем број на странски и домашни компании се заинтересирани за ИТ професионалци, платите се конкурентни и така натаму, но што ако пробаме да ја предвидиме иднината ?

Ние ги препознаваме средношколците како најзаинтересирани да го дознаат одговорот на прашањето каде да се студира. Со цел да им помогнеме, ние сме посветени на целосни информации и објективна компaрација помеѓу центрите. Уште еден начин на кој ќе им помогнеме да изберат е со анализи и дискусии за пазарот на труд.

Студенти запишани на прва година студии на УКИМ

Според податоците од државниот завод за статистика можеме да видиме дека во изминатите години има пренасочување на нови студенти од Факултетите како Економски, Градежен и Правен на факултетите за информатички науки и информациски технологии, тоа говори за трендот денеска и ни дава информации кои професии ќе бидат дефицитарни или барани а со тоа и високо платени во иднина.

99 schools е првата алатка која постои со цел да донесе баланс помеѓу сите едукативни центри/факултети, но и да им овозможи на корисниците да го рaзберат пазарот на труд со цел да можат да ја направат најдобрата одлука за својата иднина.

извор:https://www.stat.gov.mk/PublikaciiPoOblast.aspx?id=38&rbrObl=5

--

--

99Schools
0 Followers

99 School е алатка која постои за да ви овозможи ефективен и информиран избор на едукативен центар.