ДЕЛ 13 — Зошто вистинските млади претприемачи ретко напредуваат / победуваат во натпреварите за млади претприемачи?

ДЕЛ 1 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/NGRWqs

ДЕЛ 2 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/ebpDtq

ДЕЛ 3 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/pdTDTs

ДЕЛ 4 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/Rt5avO

ДЕЛ 5 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/DyjQwS

ДЕЛ 6 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/4zbX2A

ДЕЛ 7 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/bgukGz

ДЕЛ 8 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/qW2WLA

ДЕЛ 9 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/2244Bb

ДЕЛ 10 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/lH3o5b

ДЕЛ 11 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/gHDTWD

ДЕЛ 12 можете да го најдете на следниот линк — https://goo.gl/CdHzKg

Без оглед на тоа што го испративте извештајот, ве нервира целата ситуација и истражувате и понатаму. Прво, се логирате на курсот кој ви е даден со тренингот. Има форум со постови од изминатите месеци. Одговорната од универзитетот кој го дава тој тренинг (да ја наречеме Бобана), напишала дека тренингот е многу важен. Ништо ново, го знаевте тоа, посочувавте на тоа…Меѓутоа, читате понатаму и дознавате дека тој тренинг бил важен заради уште една МНОГУ важна причина — да се направи добар matching на тимовите со судиите. Затоа, препорачувале на кандидатите (highly recommended) да ги прикачат своите презентации, за да може подобро да се разгледаат идеите и подобро да се распределат судиите. Вие сфаќате дека немало шанса вие да имате добар matching со судиите:

  • Не бевте дел од тренингот, па немало начин како би знаеле за вас претходно;
  • Терминот за презентирање ви го додели Вера, која впрочем не знаеше дека сте испратиле презентација. За потсетување, тоа ви го соопшти моменти пред да ве повика жирито во Белград да презентирате.

Затоа, да заклучиме: нема шанса дека сте добиле жири кое најмногу ви одговара. Ниту тоа жири имало како да ја види вашата презентација претходно, бидејќи жената која ви го доделила терминот за презентирање (а со тоа и жирито), не знаела дека имате слајдови. Шокантно.

На курсот ги гледате сите детали. Има неколку модули, за бизнис и маркетинг стратегии. Навистина детални и корисни. Она што е многу важно е што има и модули за интелектуална сопственост т.е. како да презентирате без да изнесувате технички детали и да ризикувате некој да ви краде идеи. Воопшто не е важно дали сте иновирале нешто или колку голем проблем се решава. Важно е дека очигледно не покажале грижа за вас ниту од тој аспект. Затоа не се оди на вакви настани, ниту се изложуваат такви детали во било која прилика, без претходно да се заштитите. Најдобар начин да го направите тоа е да чувате некаков доказ (со датум и време) на Интернет (Dropbox, Google Drive, YouTube..), за да може утре да докажете дека било ваша идеја. Дополнителен начин е да си ја депонирате (ќе ве чини 1500 — 2000 денари) во агенција за заштита на авторски права. Не е исто со патентирање — ретко кој може да си го дозволи, бидејќи чини околу 5000 евра и не е едноставно да се напише. Како и да е, подобро е од ништо. Убаво е да споделувате идеи и да барате мислење за истите, така најдобро ќе знаете дали вреди тоа што го имате. Сепак, некакви превентивни мерки мора да има. Ако не на натпревари, сигурно во друга ситуација ќе сретнете луѓе (професори, компании итн.) кои се слаткоречиви, велејќи дека ги поттикнуваат младите да ги изнесуваат идеите. Внимателно со тоа. Не знаете на почеток што колку вреди и што може да ви донесе во животот.

Продолжувате да истражувате за компаниите. Не само што ќе ги откриете работите кои ги има во првиот пост (ДЕЛ 1), туку ќе откриете и дека добар дел од финалистите имаат фирми регистирани во Словенија, Америка, Шпанија, Бугарија. Земји кои воопшто не се вклучени во проектот. Затоа, да се потсетиме уште еднаш:

“Медиумите и социјалните мрежи промовираат стартап натпревар за земјите од Западен Балкан: Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.”

Пред да носите избрзани заклучоци, одите на официјалниот сајт за да ги препрочитате информациите за учесниците. Напишале дека ова се однесувало за претприемачите од овие региони. Но, да не заборавиме: не се пријавуваат индивидуалци, туку тимови. А под тим се подразбира компанија. А тие компании не се регистрирани во тој простор. Во најмала рака, информациите се бар двосмислени. Како и да ја свртите работата, не смее да се дозволи да учестуваат претприемачи со фирми од странство. Евидентно е дека тие ќе таргетираат поголем пазар и дека ќе бидат поуспешни. Секој кој веќе работи во земја од ЕУ или Америка е во огромна предност. Тоа значи дека повторно нема рамноправност помеѓу кандидатите. Бадијала овие се залагаа за транспарентност. Заради ваквите фирми, огромен број од младите (вистинските претприемачи) од Македонија и од другите држави, не добија можност да презентираат во Белград. За финале воопшто да не зборуваме.

Кус крај: целиот извештај (+ новите информации) е испратен до неколку институции во Хрватска и во неколку институции од ЕУ. Известена е одговорната за буџетот, а и неколку комисионери. Па и претседателот Јункер. Нема што да се изгуби, бидејќи и онака луѓето од натпреварот знаат дека сте дискутирале за нивни пропусти со главната координаторка.

Во меѓувреме сте испроверени на сите социјални медиуми. YouTube и LinkedIn даваат многу добри статистики за тоа кој и од каде ве проверувал т.е. која земја. И од која професија. И од која фирма. Анонимен корисник баш и не помага многу.

Се чека на одговор.

THE END.

P.S. Споменав дека истиот ден кога се испратија забелешките за информациите на вебсајтот, истиот не функционираше дури двапати? И тоа после испратениот мејл? Во два различни периоди? И тоа баш делот информации за стартапи, додека другите делови беа функционални? И тие screenshot — и се испратени.

Сега конечно, навистина, THE END.