СУДИИТЕ НА ДЕРБИТО РАБОТНИЧКИ — МЗТ СЕ СТОКА ?

ОНА КОГА ЌЕ ЗАКЛУЧИШ ДЕКА СИНДРОМОТ НА ПОДВОЕНИ ЛИЧНОСТИ ГО ЗАФАТИЛ ЦРВЕНО БЕЛИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ !
Не знам од каде да почнам за вчерашното дерби. Ајде од малку статистика.
Претседател на КФМ Д.Димевски — Поранешниот директор на Работнички
Резултат при прекин 51–35 +16 за Работнички
Слободни фрлања: Работнички 15 — МЗТ 10
Досудени Фаули: Работнички 13 — МЗТ 15
Пред 3тиот прекин на 2 пати имаше неколку минутни прекини (гледавме и ние телевизија) и опоменувани беа навивачите позади кошот зошто ги плукаа и гаѓаа со запалки судиите и играчите.

И нормално судиите се стока ! Не се стока оние што плукаат, туку судиите се стока. Коневски бил вмешан во политика а Жерновски е најверојатно од НВО сектор. Уствари не е Андреј во политика уште од денот по 3тиот круг на избори за кој се дигна на нозе цел Центар. Сега во градежен сектор е. Направи боемска уличка за 1/2 милион еур.

И 99% МЗТ ќе ја изгубеше утакмицата. Затоа што играше очајно. Ниту прв ниту последен пат. Димчевски не утепа. Игравме ужасно. Работнички беше подобар во тие 27 мин! Што не е јасно тука? Но нема ниту еден навивач на МЗТ кој не сакаше да се доигра утакмицата. Никогаш не сме повлекле екипа од терен. Сме губеле и по 70 разлика па никому ништо.

Ама на + 16 да повлечеш екипа и да не играш!
И потоа судиите се стока?! А се солидаризираш со оние што плукаат, зошто види ја оваа логика, оној кој што плука, вреѓа и гаѓа со што стигне е баш тој не е стока?! Малку му фали нешто (воспитување) ама нема врска со нив ќе се солидаризираме!Стоката од судиите не дозволиле да водиш 31 разлика да имаш повеќе слободни помалку фаули да играш и покрај прекините а ти напушташ терен на +16. И судиите се стока невидена!

И сега нешто друго. Криво ми е што МЗТ клубот за кој сум играл како дете ми го киднапираа од ВМРО.

Да криво ми е. Јавно го кажувам тоа. Цел живот ќе навивам за нив без разлика дали губат или победуваат и кој е на чело. И дента кога окупацијата од ВМРО на мојот клуб ќе заврши ќе бидам најсреќен. Дента кога ќе има окупација од друга партија (а ќе има) отворено ќе ги критикувам. Ама клубот ќе си го сакам.
Само треба и на вас другари што го сакате Работнички да ви биде криво што ви го киднапираа клубот политичари.

Ама гледам по коментариве на социјалните мрежи не ви е. Јер Андреј е од оние фините политичари кој не манипулира. Во Pаботнички никогаш немало политичка гарнитура. Да не се враќаме во времето на Фершпед но ајде од поскоро, Тодоровиќ беше директор зошто дојде од некое еколошко здружение за заштита на Преспа! Тотално сте бре нереални. Вриштите ВМРО а пред 2 год ВМРО Ви го водеше клубот!
Се буните и врискате за ВМРОвски неправди кон Работнички а не гледате дека исто така и сега партиски Ви го манипулираат клубот. Освестете се, нема разлика меѓу МЗТ и Работнички во политички контекст. Двата клуба ги води политика.

Разликата е во тоа што Андреј има помалку пари.Да можете да го газите МЗТ со политика ќе си ќутите и нема да се потресувате но вриштите политика сега по статуси на ФБ.
А да и ве молам без непотребни патетитики. Ако веќе зборувате за неправди нека биде принципиелно тоа, Се јавивте и плачете за Работнички затоа што после секое дерби се тера сеир во градов. Да не случајно ве шибаат другарчињата кој победил. Не дај боже на некого да му падне ореолот центарски.
За Кежаровски, Мартин Нешковски, Младенов, штрајк на доктори, слобода на говор, ЛГБТ, штечајци, кршењето на општина Центар за тоа ве нема никаде да искоментирате. Шепкате за тоа. За тоа не ве боли. Јебига јер тоа е политика. Нема кого да шибате на кафе кога се збори за Младенов или за Кежо.

Со оној малиот на Сашо се сликате каде ќе стигнете, во секој клуб и кафиќ, пиете кафе со Ивица во Кала а со пола вмровска булумента сте другарчиња во бизнис ама сега Ве заболе ова со Работнички. Какво лицемерие.
И замижуваме дека политиката ни киднапираше се. Не подели и дома и на спортски натпревари. Ама гледам дека некои ги подели и како личности.
Ги читам коментариве за Работнички и само тоа можам да заклучам. Дека има сериозен синдром на ПОДВОЕНИ ЛИЧНОСТИ на фејсбуков. Гледаат политика само на една страна кај МЗТ а не гледаат дека политиката им манипулира со Работнички и дека ни го уништи градското дерби.
И за крај срамота е да се вика градско дерби а уште помалку вечно дерби. Не треба да се вика ниту селско дерби. Затоа што луѓето од село се кротки и фини.
Треба да се вика политичко дерби. Затоа што го изгнасија со политика
