Прибежиште

Трчаа забревтани низ шумата. Се пробиваа низ боровите и елките гурајќи се со рацете низ стеблата. Смола им се лепеше по прстите. Мораа да идат само напред, и тоа брзо. Одеа паралелно за да не ги удираат гранките во лице. Сомисленикот беше десно од него. Се пробиваше низ дрвјата гурајќи со рацете. Униформата му беше извалкана. Најверојатно беше и неговата, само што немаше време сега тоа да гледа. Носеа исти сиви униформи со за нијанса посветли шари по рабовите.

Со крајот на окото виде кога Сомисленикот се сепна. Најверојатно не успеа да го прерипи гнилиот труп и полета низ воздухот со рацете напред. Појде накај него. Тој лежеше на земјата тетеравејќи се, пробувајќи да стане. Куп иглички го бодеа додека се вртеше. Го фати за раката и почна да го влече нагоре

- Немој немој — викаше он — ме боли немој!

- Ајде немаме време, ги слушам веќе. Позади петици ни се — му одговори продолжувајќи да му ја дига раката. Пробувајќи да ја пребаци преко своето раме. Беше решен да му помогне. Он беше неговиот Сомисленик. Така ги викаа тие што ги гонеа, нивните непријатели.

- Неможам остави ме. Оди ти! — му возврати уште држејќи се за ногата

- Знаеш дека неможам да те оставам. Ние не ги оставаме нашите — го повтори слоганот. Се наведна, го качи на грб и почнаа да се движат напред. Гледаше внимателно во земја да не згазне погрешно и да не ја доживее истата судбина како Сомисленикот.

Се тетеравеа полека. Чекор по чекор, полека балансирајќи. Не беше лесно да се носи возрасен човек. Пробивањето низ зимзелената шума одеше тешко. Се погласно се слушаше наближувањето на непријателите. Снопот светлина со кој светеа од своите летала ја параше шумата и навлегуваше под стеблата на високите борови. Беше стравично.

Овој пат е навистина опасно си помисли. И порано доаѓал премногу блиско, но овој пат имаше огромни шанси да го фатат. Они беа криви. Сепак знаеја што ке се случи. Знаеја кај оди тоа. Сами сакаа да излезат да видат што има ново тамо. Немаше отидено две недели. Љубопитноста ги излажа. Мислеше дека може да отиде само да разгледа. Да види што се случува, како се живее таму. После ке раскажуваше дома, луѓето го сакаа тоа. Тогаш ке беше интересно друштво за сите. Само да стигнеше дома. Да стигнеше во Прибежиштето.

Сомисленикот само офкаше. Најверојатно му ја стегаше ногата додека го носеше. Но тоа е, неможеше да го остави. Ги делеа уште четрстотини метра од дома. Ке го однесеше некако.

- Леле неможам неможам — почна да офка посилно

- Ајде уште малку, да го искачиме ридов само — го бодреше гледајќи во ридот пред себе. Знаеше дека е далеку полошо од тоа.

- Неможам остави ме. Остави ме — се дереше и мафташе со рацете

- Не се дери, не откриваш — му возврати и тој повишувајќи го тонот — Стрпи се!

- Спушти меее! — почна да го рита со ногата

Неможеше да го задржи. Изгубија рамнотежа и паднаа на земјата. Сомисленикот во агонија ползеше назад, подалеку од него. Погледна наоколу. Се гледаа обриси на луѓе. Немаш време пак да го убедува. Немаше ниту време повторно да го носи. Можеби он и тоа го сакаше. Го остави и продолжи сам. Почна да го искачува ридот. Се наведна за да биде постабилен. Се фаќаше за дрвјата и се гураше напред, како да плива. Дојде до една чистинка и подзастана. Се заврте да види што се случува.

Сомисленикот лежеше во подножјето со рацете раширени. Можеби го убедија си помисли. Се случуваше тоа понекогаш. Сепак не му беше толку тешка повредата за да негодува толку. Можеби сакаше да остане, а незнаеше како да му каже. Се плашеше дека тоа ке донесе невоља на неговите дома. Каква срамота е тоа да останеш таму. Неподнослива срамота. Семејства се распаѓаа заради тоа. Можеби го одбра полесниот пат. Сега излегува како да не е негова вина што останал таму. Неговите ке може да го сочуваат споменот за него. Ке има и церемонија на одвање почит, ке биде запаметен по добро.

И натаму набљудуваше. Двајца стигнаа до него. Беа облечени во разнобојни парчиња. Така беше таму. Немаше униформи, а и да имаше ништо не значеа. Они се гордееа со тоа. Изгледаа смешно, а сепак беа опасни. Се наведнаа двајцата и го пипаа по телото, по нозете. Најверојатно го прашуваа кај го боли. Сомисленикот не се бунеше. Со раката покажуваше и пробуваше малку да се подигне. Нивната медицина беше многу понапредна. Имаа апарати со кои може залечи рана за неколку мига. Вештерство!

Значи сакаше да остане. Го превари. Дојде возило и го внесоа внатре и се упатија назад. Знаеше што ке следи. Ќе го излечеа брзо па потоа ќе го викнеа во некоја емисија. Он ќе беше новото животно во зоолошката. Сите ке сакаа да го видат, да го чујат како зборува. Ке сакаа да ги чујат неговите аргументи. Да тоа беше битно за нив. Ке го прашуваа прашања. Ке бараа да им објасни. Дебата, така се викаше нивното испрашување. Го имаше гледано тоа на нивните големи екрани во градот. Ух колку одвратно, го полазија морници.

Потоа ке го оставеа да прави што сака. Ке му понудеа образование, работа или ке го оставеа така, да се снаоѓа сам. Да се спознава. Да тоа најмногу го сакаа. Тоа беше крајот на нивната емисија, на нивното лекување. На крај те збунуваа, ти ја одзимаа силата. Те менуваа. Колку одвратно место, без поредок.

За нив и љубовта беше таква. О да, тоа се гледаше. Беше разнобојна како нивните облеки. Девојки идеа заедно со други девојки или пак мажи со други мажи. Имаше и групи од нив. Имаа они посебни зборови за сите тие работи. Го имаа и зборот брак. Имаше видено парови кои одат под рака и имаат ситни прстења на рацете. Се бацуваа и грлеа, исто како и другите. Се беше дозволено.

За него беше непрактично. Уствари беше ужасно, но и непратично. Како можеше воопшто да функционира. Не се знаеше кој што е и како е. Како некои животни на пољана. Хаос, анархија, разврат, декаденција имаа многу имиња за тоа дома. Они пак имаа свои имиња.

Продолжи према Прибежиштето. Ги искачуваше последните неколку метри од врвот. Сега и го гледаше. Дрвена кружна структура. Со кров од керамиди. На неа гордо се вее знаме. Секое прибежите има свое знаме. Таму пак од другата страна не веруваа во знамиња. На светот имаше многу прибежита. Подеднакво толку колку и други места. Човек секогаш можеше да отрча до најблиското.

Ги пробиваше последните пар метри. Си размислуваше што ке каже ако го прашаат за Сомисленикот? Дали да го издаде?

Не нема да го стори тоа. Не сака неговите да страдаат. Хм, но така зборуваа на другото место. Дека никој не треба да страда поради туѓо дело или мислење. Дали го превратија и него? Дали се претвораше и тој во Сомисленикот? Можеби имаше превише излети направено во непознатото?

Не, не го кажува. Можеби и он еден ден ќе се сопне.

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.