Дали сме* нормални?

Погледнете го графиконот лево, погледнето го многу добро. И поставете си го прашањето од насловот.

За да нема бегање од одговорност ќе попишам кој се сигурно придонесува на оваа канцерогена бројка за да не биде некој изземен или да се чувствува невино:

  • Секој кој ќе влезе во автомобил, особено сам, особено без катализатор, особено дизел.
  • Секоја фабрика особено оние кои немаат интегрална А дозвола според ЕУ стандарди
  • Секој вработен во Министерство за Екологија особено заради тоа што требаа милиони притисоци и протести да собереле примероци и конечно во 2016та година да откриеле од каде доаѓа загадувањето.
  • Секој кој се грее на фосилни горива и биомаса, особено на гуми, пластика, ѓубре, отпад.
  • Секој од нас со процентот на ѓубре кое оди на ѓубриште и вработените во местата каде што ѓубрето се гори
  • Секој во селата кој ѓубрето го гори наместо да го прибере и фрли
  • Градежните компании кои не применуваат стандарди за намалување на емисиите на прашина
  • Сите градоначалници и општини, особено оние кои сечат дрва, особено оние кои донираат дрва за бадник наместо на социјални семејства (Ве гледам Вас Коце и Ивица а и многу други како Вас).
  • Топлификација кога наместо на гас работи на мазут
  • Сите претставници, извршна власт и пратеници од власта за игнорирање на проблемот
  • Сите пратеници од опозицијата за ненаметнување на проблемот
  • Целата бизнис заедница и комори кои ги искривува работите во личен интерес
  • ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО кои лобираа да се укине дневната ефтина струја и сите кои го одбрија тоа
  • Сите влади кои дозволија увоз на стари возила, до трето колено
  • Сите кои купуваат возила на старо со сомнително потекло и без функционални катализатори
  • Сите технички прегледи кои ги минат таквите возила
  • Сите граѓани кои си ги изгласале и ги толерираат политичарите и бизнисмените но и комшиите буквално да ги трујат
  • Сите што ги бранат едните или другите или што си ги бранат личните интереси на цена на здравјето на нашите деца
  • Клерот (поповите и оџите) кој ниеднаш не дигнал глас да се спротивстави на еколошкиот геноцид а први се да морализираат на теми за абортус, геј бракови и марихуана.
  • Граѓаните кои умно тактизираат и ги бираат своите битки (т.е. не влегуваат во битки и ги оставаат своите деца да умрат од рак на бели дробови).

Дали сме* ние нормални багро криминална?

* Сме — не СТЕ. СМЕ.
(Note: English version to be published soon)

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.