ЗА ПИРАЦКИТЕ РАБОТИ!

обичен човек
2 min readJun 22, 2017

--

Пиратите во карибите, пети дел, МАЈКОООО СВЕТА!!!! Аман више, отекоа, првите два беа оќеј, ама после брат забегаа скроз, тоа па тоа, ништо посебно…и сл….

Е ама бев у кино да го гледам, и знаете шо?! Скапете хејтери, јер филмов е у суштина еден од подобрите филмови што сум ги глеал, приказната е одлична, камерата и визуелните решенија беспрекорни, музичето тамам и она што е најважно кај филмов, хуморот. Хуморот е бомбона и е дефинитивно битен елемент за тоа зошто е овој филм навистина посебен.

Сеа да бидам реален на кецот се сеќавам ептен пошо ми беше лудило, двојката онака лабаво, тројката веќе ми е матно скроз, четворката (чекај и четворка имаше?!?) Али петкава навистина ми ја врати вербата во серијалот.

У суштина причата е тоа па тоа, стандард има некое срање и се појавуваат едни никакви шо го бркаат Џек Спароу, стандардно он е пијан и појма нема шо се дешава у првите две третини од филмот, стандард тие со него те го сакаат те не го сакаат, стандард се појавуваат некои трети што исто така не знаат што сакаат и на крај стандард ќе се испомакљаат меѓу себе и сите ќе победат или никој нема да победи и стандард ќе остават простор за ново продолжение, ама па хуморот, другари се смеев у кино ко мало дете, а ќак што више еве веќе трет ден како го излеав филмот уште се смеам на некои фори.

Да не ја тупам многу, вреди да се глеа, и да у кино!!!!

--

--

обичен човек

Асоцијален тип без осет за простор и време