ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОГОВИ НИКГАШ ДОСТА
Денеска на мени ќе бидат неколку кратки серијали од американската стрип школа.
SUPERMAN AMERICAN ALIEN #1–7

Очекував дека ќе биде лошо, ама искрено не очекував дека до волку ќе биде лошо. Мислам океј, ги сакам ориџин приказните за човекот од челик, интересни ми се тие негови збиднувања од тинејџерските денови, евентуално случувањата на Криптон пред да го лансираат малиот Kal El накај планетата Земја, ама ова беше страшно. Замислете нашиот херој како тинејџер пиел алкохол, т.е се опивал од алкохол и имал пролеми со законот. Абе срамотилаци, бруки, неваспитан, мислам стварно е океј, ама овој пат авторите побааги претерале. Апсолутна препорака да го избегнете стрипов во широк лак.
SUPERMAN LOIS AND CLARK #1–8

Тука улетав сосема случајно и неочекувано, ко џокер у покер што би се рекло, и морам да признаам дека пријатно се изненадив. Иако не го следам фанатично канонот особено по рибутот и немав апсолутно никаква претстава што и како се случувало претходно, сепак до крајот успеав да гребнам по површината и ако ништо друго да дознаам дека нешто се случило, дека Lois и Clark се префрлаат во паралелен универзум за да го пораснат своето бебе, еј да тоа ми беше најслаткиот момент. Препорака за серијалов. Ќе направам обид да се вратам наназад во план ми е ранот на Romita Jr. и Geoff Johns, па ќе видиме.
BATMAN/TEENAGE MUTANT NINJA TURTLES #1–6

Ова ми беше вистинско изненадување, верувајте ми воопшто не е чуден ваков кросовер, поготово што реално има многу сличности помеѓу карактерите. Преубава сторија во шест броја, многу акција, интересни негативци особено од светот на Batman, хуморот на желките кога дојдоа во пештерата на бетмен беа повеќе од генијални. Одличен серијал пропратен со одличен цртеж. Апсолутна препорака.
BATMAN EUROPA #1–4

На серијалов работат повеќе цртачи, меѓу нив и мојот омилен Jim Lee, приказната МЕХ! Што знам не ми се свиде, мислам досега како фан на љиљакот ако ништо друго сватив дека еден без друг не можат, и дека нивното постоење е поврзано, со други зборови ако едниот падне, другиот ја губи смислата на своето постоење (да другари на Joker мислам) Во секој случај вреди да се читне, ако ништо друго заради цртежот.