BATMAN ETERNAL

Чудна работа, серијалов (52 броја) ми седеше на хард скоро година дена и едноставо не можев или не сакав да се натерам да седнам да го исчитам во целост. Иако ми беа читани првите деветнаесет броја мислам, сепак некако тешко ми одеше. По долга пауза ( да да заради плејката, знам дека сум досаден) седнав да видам што и како се случува на полето на стрипот, т.е да го надокнадам исуштеното, и конечно дојде и овој серијал на ред. Во старт морам да признаам дека го исчитав во еден здив, што би се рекло во еден ден и морам да признаам дека на прв поглед ми се свиде, арно ама еве веќе се поминати неколку дена и колку опвеќе размислувам за истиот, се повеќе чуствувам дека му фали нешто, како да не е тоа што го очекував, и да крајниот заклучок би бил дека е ова релативно просечен серијал кој може ама и не мора да го исчитате, независно дали сте фан или не. Scott Snyder кој последниве години е реално „водечки коњ“ во Batman серијалот од сценаристичка гледна точка, како да потфрли и полека почнува да се губи во просечноста на многу автори кои се обиделе да пишуваат за овој реално тежок лик. Цртежот е ок, уствари лажам цртежот е одличен, имаше многу убави визуелни решенија кои на моменти ме тераа да буљам у пооделни кадри како мало дете пред слаткарница.

Имаше додуша и убави моменти, во приказната продефилираа скоро сите негативци, убво беше да се види војната Osvald и Falcone, Catwomen како се издига на чело на криминалното подземје во Gotham, Gordon е во затвор, особено мерак ми направија тие неколку сцени со Harvey Bullock (мојот омилен џандар) Целиот тој концепт на распаѓање на се она што е свето за љиљакот, до степен да и неговите детективски вештини (најголемиот детектив, нели де) не можеа да му помогнат да открие кој стои позади целата таа калакурница која се случува во неговиот роден град и концептот дека Batman не е човекот туку идејата е тро така веќе видена и потсеќа на третиот дел од трилогијата на Nolan нели?!?!?

Да, затоа реков имаше убави моменти, ама сетоа тоа некако веќе многу пати сум го прочитал, видел, замислил…Да за жал серијалов се сведува на тоа, позајмена идеја!

Ама па кој сум јас да ви се праам паметен, децо читајте стрипови и уживајте во живот :)

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.