BLADE RUNNER 2049

Ако нешто ми е криво за 2017 година тоа е дека ова ремек дело не го гледав во кино. Ама ете, се случија и некои неубави работи па мораше да се задоволам и пред телевизор (за среќа го чекав на асална снимка) пошо иам обичај филмови кои ги сакам да ги гледам и на некоја посрана кино снимка.

Како год, денеска, првиот ден од новата година ќе го започнам со рецензија на едно би рекол ремек дело и достоен наследник на претходникот кој беше, е и ќе биде култен филм.

Се сеќавам дека пред пар години, кога по интернетов се појави информација дека е во план снимање на продолжение на Blade Runner бев онака, као WTF!!!! Холивуд е без идеи, прават пари на стара слава, рециклирајќи приказни кои оставиле белег во светската кинематографија итн, итн…

Минатата недела, седев со другар ми Крале во некоја предновогодишна опуштена атмосфера, и додека ги празневме криглите пиво ме потсети да ги гледам и двата кратки филмови кои се официјални и ја пополнуваат празнината помеѓу стариот и новиот филм. Секако денеска ми е мило што послушав, мој совет е ако сеуште не сте го гледале филмот да ги изгледате предходно, а за сите оние кои веќе го гледале да ги изгледаат за да им бидат појасни работите.

Филмот е визулена перверзија, буквално секој кадар, секоја сцена имаат своја приказна, музиката апсолутно е доводена на ниво на перфекција и фино и ненаметливо ја надополнува приказната, дијалозите се кратки, исплакнати, онака како што доликува на целата атмосфера, акцентот на нарацијата на приказната е ставена на визулениот дел од филмот.

Храброста на режисерот да излезе од границите на Лос Анџелес, да ни визуелизира уште два дела од целиот тој свет е потег за почит, акционите сцени се одлични, во доволна количина, обем и одлично избалансирани да не го расипат задоволството во целото тоа споро дејствие.

Нема да пишувам повеќе, ова е филм кој мора да се изгледа!

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.