CASTLEVANIA

Ви текнуе бе на најдобриот платформер на сите времиња за нинтендо!?! Ако не, одма скокајте го текстов, или симнувајте емулатор и почнете да ја играте играва.

Како и да е, Кастелванија е игра која го одбележа детството на многумина од мојата генерација, мислам нема човек кој не се сеќава на куќата Белмонт и нејзината должност да ги убива ноќните суштества низ дефинитивно многу сериозно склопени нивоа.

Е сеа знам дека годинава т.е пред неколку месеци прочитав негде најава дека Нетфликс планираат да прават анимирана серија базирана на играва, тогаш ми беше тој концепт многу кул, ама со оглед да ми се исподесија многу работи периодов малку и ја подаборавив информацијата. Синоќа случајно ми улета торент и нормало одма ја симнав првата сезона и непријатно се изненадив кога сватив дека има само четири епизоди, нормално одма најдов информација дека за 2018 та се планира нова сезона итн, итн, ама четири епизоди бе!!!!

Нејсе, сабајлево со кафе и цигара си ги пуштив на раат и морам да признаам дека се совршени. Сценарито се држи до приказната од играта, визуелно изгледа совршено, Ворен Елис е вистинскиот човек за екранизација на вакво ремек дело.

Што да ви кажам повеќе, без разлика дали ја знаете играта или не, серијава е навистина путер и дефинитивно мора да се изгледа, мана е што е прекратка и што ќе мора да чекаме нова сезона идната година.

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.