DAREDEVIL SEASON 3

обичен човек
2 min readNov 10, 2018

--

Боже господе!!!!

Значи турка серија да гледав па немаше поише да се измачам од оваа бљувотина која ни е сервирана од Нетфликс.

Да пеери, се посраа со серииве ко мали бебиња!

Ок, ајде сеа малку со побистра глава. Daredevil трета сезона, Фиск излага од затвор, нашиот омилен ѓавол се опоравува од зградата која му падна на глава, Фиск почнува да ги контролира FBI, нашиот ѓавол почнува да тренира за да се врати во форма, Фиск го создава Bullseye, нашиот ѓавол ја наоѓа мајка му…..ААААААА стварно добивам нагон за повраќање….

Другари, ќе кажам само дека сезонава е сериозно ДНО.

Реално, приказната продожува после онаа глупоста за хероите од Њѕ јорк, Фиск се враќа на голема врата, начинот и методите со кои го прави тоа се беспрекорни и се апсолутно спакувани во една сериозна приказна, ама серијава сепак е за Daredevil нели, мислам целата таа тензија, малодраматичност, религијата и сите оние морлани и социолошки дилеми кои се обидува да ги допре приказнава се тотален феил. Па авторот оди дотаму да ни ја објасни суштината на американските суперхерои со една банална приказна за трулиот американски систем и дека одредени работи во животот се решаваат со ќотек односно компромис. Не, другари ова кај мене не проаѓа. Многу време е поминато, стрипската приказна и обработка на ликовите е помината во многу фази, спојот на старото и новото, изворниот материјал и симболиката проаѓа, ама само под услов приказната да е убаво спакувана (како во првите две сезони) Ова е само буранија, и никако не смее да продолжи во овој правец, ако не ја скинат и неа од телевизиските екрани.

Значи, ако ова беше приказна за Вилсон Фиск ака Кингпин, серијава ќе беше суво злато, ама во овој микс од недоречености едноставно не ми функционираше како што треба.

--

--

обичен човек

Асоцијален тип без осет за простор и време