HORIZON ZERO DAWN

обичен човек
3 min readApr 17, 2017

--

Значи прво и основно, го глеавте ли тизерот за новиот Star wars филм!!!! Бачко, од она што јас го видов и некои детали што ги приметив се шекнав, едноставно мислам дека филмот ќе биде лудница, како и да е чекаме сеа треилерот да излезе за да имаме покомплетна слика околу тоа што ќе не очекува во филмот.

Предмет на денешната расправа (правник сум бе, ако не сте знаеле) ќе биде една навистина преубава игра наречена многу интересно Horizon Zero Dawn!!! Самиот наслов кажува многу, ама апсолутно немам срце да навлегувам детално во приказната и анализа на насловот и на некого да му го заебам уживањето, јер реално мене ако ми улеташе споилер од играва (дур ја играв, наравно) ќе вадев ган жими мајка.

Значи ексклузива е за PS4, излезе годинава т.е крајот на февруар и благодарение на стримот од еден мој пријател Бобан Стојчевски (кој иако не го знам во живо, ама сепак и виртуелното дружење е пријателство, нели!?)ја земав да не речам истиот ама наредниот ден.

Како и да е, станува збор за класична RPG игра, не е најдоборото нешто од жанрот, ама сепак комплексната приказна, интуитивно изградените ликови и генерално добриот комбат допринесуваат играва да биде запаметена и да не речам мислам дека има материјал за да се изигра повторно.

Можеби најголема мана на играва е камерата и тоа ко за беља баш у некоја ситуација коа се макљам со три четири машини и нормално неам енергија или имам многу малку, па тоа стрела не можам да фрлам, па ко ќе почне со тоа копјето да мавта на слепо, абе да се убиеш, е сега среќа е што немаше баш премногу често такви моменти, и пак ќе речам приказната беше мотив плус да не се откаже човек од играње и да продолжи понатаму.

Исто убав момент ми беше тоа што генерално муницијата во играта се добива преку крафтање, и таа некоја дополнителна обврска на која мораш да внимаваш во играта едноставно го прави уживањето во филмот многу поголемо, поготово што реално не знаеш што те чека на следниот чекор, а верувајте дека е многу фрустирачки да останеш бес соодветен материјал за да си ја искравташ стрелата кој ати треба баш за таа машина.

Ингејм анимациите се повеќе од одлични, графиката е на завидно ниво, поготово оние моменти на изгреј и зајди сонце со сите сенки, светла и еден куп други чуда се феноменално изведени, имаше моменти коа седев у едно место и буљав у телевизор за да се обидам да ги приметам сите детали, едноставно графички изгледа топ! Играќи ја играва навистина имав чуство дека сум во „open world” што е исто еден огромен плус.

Покрај камерата сакав малку да мрчам и за музичката подлога, ама па можеби и не беше толку страшно, мислам оќеј не беше спектакуларно добра, ама па не беше и нешто многу лоша, така да може да помине.

Епа другари што да речам повеќе, изиграјте ја играва пошо вреди буквално за сите пари.

Јас нареден месец повтоно ќе ја посетам Галерија, па ќе се дружиме на блогов со некоја друга игра.

#То5СтеЌис4

--

--

обичен човек

Асоцијален тип без осет за простор и време