JUSTICE LEAGUE DARK

Скептичен сум околу новиве цртани на DC. Едноставно има нешто што ме одвраќа да ги гледам (со чесни исклучоци), како да цело време нешто фали, некако недоречени ми се, можеби лоши адаптации на стрипскиот изворен материјал, анимацијата некако чудна…не знам!

Во секој случај, и ова ново чедо на WB го пуштив без апсолутно никакви очекувања и апсолутно само заради тоа што сум љубител на стрипот и се она што е поврзано со него. На моја голема радост морам да признаам дека со овој цртан не згрешив.

Додуша, морам да признаам дека изворниот стрипски материјал не го знам, мислам пер кој чита бе JL Dark! Да не бидам погречно сватен, ги знам ликовите, за Batman и Constantine глас неќам да чујам, едноставно се едни од моите омилени ликови, ама во контекст на насловот и како функционираат како група апсолутно не знаев ништо.

Како и да е, цртаниов пријатно ме изненади, преминав преку стандардно досадната анимација и фокусот го насочив кон приказната и како се вклопуваат карактрите во истата, едноставно функционираа бе, убава, лесна и дефинитивно шарена приказна надоплолнета со сите мирудии за да го задржи виманието на гледачот околу саат и петнаестина минути и за момент да извлече блага насмевка од нашите лица.

Едноставно ми се допадна.

Препорака за цртаниов!

Like what you read? Give обичен човек a round of applause.

From a quick cheer to a standing ovation, clap to show how much you enjoyed this story.