Stranger Things

Вака сега, прво основно ќе потенцирам дека за прв пат се сложуваме со нешто со мојот драг пријател Игор Кралевски! Добро можеби не за прв пат ама коа станува збор за серии, обично имаме така да речам спротивставени гледишта.

Сакав да напишам негов цитат, ама само ќе го парафразирам „глумата на Винона Рајдер беше дно дна…„ мислам уреду е, сф хорор од осумдести, мораше да има една чудна посеризона тетка која ќе праи некакви чудни фаци и ќе има стравови, ама овдека беше некако премногу вештачки, лошата глума беше премногу исфорсирана и навистина стана лоша (единствено ми е жал, што немаше напалени цицлести тинејџерки) пошо реално меѓудругото они беа најголемата одлика на времето во кое серијава сака да не врати.

Нејсе, Stranger things a? Серија, по која многумина мои пријатели се фатија како слеп за стап, серија во која има елементи кои требаше да не вратат во детството (барем за мојата генерација зборам, над 30 години), серија во која буквлано бев (повторно го парафразирам Кралевски)…еј јода, еј милениум фалкон, еј гуниси, еј гандалф, еј што беше уствари приказната?!?

Целата поента е што во серијава буквлано немаше приказна, или имаше ама јас не ја приметив. Како и да е, мало градче во Индијана, тројца другари играат D&D, се упатуваат накај дома и едното од нив исчезнува. Толку?!? Да, тоа е приказната, понатаму низ осум епизоди, гледаме шаблон виден многу пати до сега, сите се вознемирани, таен владин проект, исчезнуваат луѓе. бла, бла, бла…

Тука се поставува и најбитното прашање, за кого е серијава, за која генерација, новиве клинци на ова нема ни да помислат, или ако веќе некој се нафатил да ја гледа верувам дека ќе се откаже после втората епизода. За кого друг? За мене, за тебе, да на вас над триесет и кусур години ви се обраќам! Премногу игра на карта „носталгија“, да дури и Рамбо првиот дел беше земен како репер. X men #134 ви значи нешто? Мене да, ама добро јас сум чуден, сакам стрипови, книги, музика, филмови, суперхерои, на прашање што музика слушам, не одговарам со се! Ама па и тоа не беше доволно да пишам нешто позитивно. Едноставно се сменија времињата, отидовме многу понапред од тоа што тогаш можевме да го претпоставиме. Сега буквaлно живемее во време кога стриповите и книгите кои сме ги сакале како мали а богами и сега како големи, ги гледаме на големото платно, вкусовите ни се истенчија, или да бидам попрецизен перцепцијата на работите ни се смени и отиде барем за мене еден чекор понапред.

Можеби идејата и не е така лоша, ама мислам дека оној баланс помеѓу носталгија и приказна малку да не речам малку поише го утнале, и поголем акцент ставиле на носталгија. За жал, оваа серија ќе биде една од многуте која брзо ќе се заборави.

Рака на срце имаше светла точка, музиката беше супер. Ама па искрено не е се до музиката, или да бидам попрецизен сигурно не ми треба серија од ваков тип за да си пуштам The Clash!