THE DEFENDERS

Ха, конечно се споија точките, конечно добивме некаква перцепција за тоа кон што се стремеа приказните од Деардевил, Џесика Џоунс, Лук Кејџ и Ајрон фист, мислам океј уште на самиот старт знаевме дека Нетфилкс планира да ги спои хероите на Њу Јорк во една серија, ама сепак нели возбудата, очекувањата, идеите, претпоставиките беа тие кои ни дадоа сила да истраеме.
Првата сезона заврши, осум епизоди кои водеа кон една заедничка цел, да се победи непријателот, да се победи Хенд, и да се одбрани градот. Убав наратив, убав сетинг за секој лик поединечно и сите заедно на куп, убави акциони сцени, дури почна да ми се допаѓа и Ајрон фист (серијата беше катастрофална) ама тука некако се убаво ми се вклопи, посебно мерак ми направи сетингот на Лук Кејџ, да ако се прашувате дали серијава може да ја гледате независно од сериите за секој лик поединчено, одговорот е НЕ, апсолутно мора да изглесате се претходно за да добиете целосна слика.
Меѓутоа сезонава беше далеку од совршена, прво зошто побогу не го видовме Ајрон Фист во неговиот костим, Лук Кејџ беше нешто измеѓу, Деардевил и Џесика беа оќеј, ама…
Многу неразјаснети прашања, океј разбирам, треба да има следна сезона, оставија простор во приказната, ама па имаше некои стварно нелогични решенија кои на моменти ми го скршија филмот, многу неодговорени прашања…
Како и да е, серијава навистина вреди да се погледне, има тука нешто нависитна магично!!!!
Препорака.
