Водич за атрибуција со AdWords

Google Adwords е платена платформа за рекламирање, достапна за сите бизниси без разлика дали станува збор за мали бизниси или големи корпорации.


Доколку секојдневно го следите движењето на вашите корисници додека тие го разгледуваат вашиот вебсајт, сигурно знаете дека патот на секој еден корисник е комплициран за следење. Од моментот кога ќе го идентифукувате местото од каде дошол тој корисник на вашиот веб сајт до следењето на секоја нивна активност е предизвик за дигиталните маркетинг специјалисти и затоа е многу важно да знаеме како сето тоа правилно да го проследиме и да ги собереме вистинските информации.

Минатиот месец Google направи промени во моделот за атрибуции на Adwords. Во рамките на тој модел ние веќе ќе можеме да ги следиме активностите после last-click measurement — стандардната опција на Adwords и детално да го разберете патот на секој наш корисник.

Во новите промени Google објавија и неколку совети кои можат да ни помогнат полесно да ги совладаме предизвиците во рамките на следењето на патот на корисниците.

Еве некои од нив:

Пресметајте дали е важно за вашиот бизнис да го следите движењето после last-click attribution

Зошто: Ако вашите патеки до купување (постигање на крајна цел) се доволно директни, стандарданата опција е вашиот избор.

Изберете кој модел за атрибуција најмногу ви одговара
  • Доколку имате доволно квалитетни конверзии, размислете да започнете со користење на data-driven attribution (DDA).
  • Доколку не сакате да го користите моделот DDA, пробајте го моделот базиран на правила (rules-based attribution model).

Зошто: Rules-based attribution model се адаптира на вашата бизнис стратегија додека пак DDA моделот бара од вас голем број на коневерзии за да ви ги даде потребните резултати.

Поставете ги вашите активности на база на атрибуција
  • Поставувајте понуди кои одговараат на вашиот модел за атрибуција

Зошто: Моделот за атрибуција ќе ви ја даде вистинската цена на клучен збор. Таа цена вие ќе треба да ја поставите во рамките на вашите понуди

  • Тестирајте го вашиот нов модел за атрибуција

Зошто: Пред да почнете да го користите пробајте да видите дали стварно може да ви донесе голем број на профитабилни конверзии.

  • Променете ги рекламите и крајните страници да одговараат па патот по кој се движи и клика вашиот корисник.

Зошто: Имајте во предвид дека некои клучни зборови можам само да помагаат но не и да донесат резултати. Затоа е важно да ги прегледате и редактирате.

  • Разгледајте ги оние важни клучни зборови кои сте ги користеле во стариот модел за атрибуција.

Зошто: Некои стари клучни зборови можат да покажат резултати во новиот модел за атрибуција.

Користете ги веќе научените работи од моделите за атрибуција на Adwords во другите дигитални канали за маркетирање!

Повеќе совети за моделите за атрибуција можете да прочитате овде.

Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

За повеќе инфо на темава слободно пишете ми: eva@gsix.me

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.