Најдобри Google практики: Изберете ги вистинските клучни зборови

Google Adwords е платена платформа за рекламирање, достапна за сите бизниси без разлика дали станува збор за мали бизниси или големи корпорации.


Клучните зборови имаат за цел да ги поврзат вашите реклами со вашите потенцијални корисници и со тоа што тие пребаруваат. Еве 5 совети кои можат да ви помогнат да ги изберете вистинските клучни зборови кои ќе ви ги донесат вистинските корисници или клиенти.


1. Поредете ги клучните зборови според вашите бизнис цели

  • Помислете на кој начин вашите клиенти можат да стигнат до вас

Зошто: Вашите клучни зборови треба да видат израз на сите различни типови на пребарувања што еден човек би ги направил кога бара нешто поврзано со вашиот бизнис или тоа што вие го нудите.

  • Поставете ги вашите клучни зборови брз основа на вашите бизнис цели.

Зошто: Различните клучни зборови имаат различна намена. Затоа секој од нив треба да биде избран и поставен да одговара за конкретна бизнис намена.

  • Направете анализа на листата со клучни зборови и избришете ги оние кои имаат мал обем на пребарување

2. Создадете типови на клучни зборови за поголем разтеж и подобра контрола.

  • Користете широк спектар на клучни зборови и фрази за пребарување за погенерални рекламни ситуации, а чувајте ги конкретните клучни зборови и фрази за конкретни типови на пребарувања.
  • Типовите клучни зборови како што се Phrase и exact match ги опфаќаат сите клучни варијанти на зборови, затоа нема потреба да создавате дополнителни листи.

3. Разгледајте и додавајте дополнителни можности за таргетирање во рамките на AdWords

  • Користете Dynamic Search Ads за да го насочувате водењето на вашиот акаунт.

Зошто: Ова највеќе се користи за да се избегне дополнителното освежување на листата со клучни зборови секогаш кога ќе промените дел од содржината на вашиот веб сајт.

4. Проширете ја истата на постоечки клучни зборови

  • За да го подобрите вашиот Ad Rank, вие морате постојано да ја ширите листата на вашите клучни зборови.

Зошто: Додавањето надополнителни опции за таргетирање не е единствен начин да растете. Поагресивните понуди и ширењето на спектарот на клучни зборови исто така можат да придонесат да го подобрите вашето рекламно место.

  • Таргетирајте корисници кои се наоѓаат во мрежата на Google партнери.

5. Додадете и негативни клучни зборови.

  • Редовно додавајте негативни клучни зборови.

Зошто: На тој начин ќе заштедите пари со избегнување на кликови од луѓе кои никогаш нема да бидат ваши корисници.

  • Фокусиратејте ги вашите клучни зборови само таму каде најмногу ќе ви бидат корисни.

Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

Ви благодарам што одвоивте време да го прочитате овој пост. За повеќе инфо на темава слободно пишете ми: eva@gsix.me