На Мама

Мама

Ова е раката на мама.
Измачена, овената, топла.

Денеска по безброен пат се раздели од нејзиното срце. Без да проговори збор, без да го каже нејзиното “Чувај се сине” замина.
Не можеше. Ја надвладеале разделбите. Градела гнездо каде исчувала соколи а останало само пајажина (нејзини зборови). 
Многу пати испраќала синови на патишта незнајни — Војна, Германија, Еритреа, Конго, Сиера Леоне, Монголија, Филипини, Америка, Канада, Естониа,Романија, Австралија, Уругвај, …
Одамна останата без потпора, сама, со кал и солзи се грижела за нејзините соколи, за нејзините шест крилја кршејќи ги сопствените.
Никогаш ништо не ја болело, никогаш не била гладна, никогаш не била уморна, никогаш не престана да верува.

Но, денеска,

За прв пат не можеше да каже “Чувај се сине”.
За прв пат нозете и тежеа а очите крвареа видливо.
За прв пат застанав и ја гледав додека исчезнува низ толпата.
За прв пат прескокнав лента да ја видам уште еднаш.
За прв пат ми ја стегна раката …вака!

За прв пат, сум надвладеан.
За прв пат, не успеав да и кажам дека Ја Сакам!

За прв пат, не можам да пишувам.

Ќе се чувам, Мамо!

Show your support

Clapping shows how much you appreciated Bloomp’s story.