Важноста и вистинската цена на еден вебсајт
Човек би помислил дека денес секој е свесен за важноста што ја има веб-сајтот за било кој бизнис, без разлика дали се работи за мал бизнис или голема компанија. Една од работите која најмногу ме изненадува кај малите бизниси е тоа што многу од нив немаат веб-сајт. Јасно е дека тоа е случај кај нас, и секој бизнис кој нема професионален веб-сајт пропушта да искористи еден од најмоќните маркетинг алати достапни денес.

Зошто веб-сајт?
Главната причина за да имате веб-сајт е да им олесните на потенцијалните клиенти да ве пронајдат. Денес повеќето луѓе одат онлајн и истражуваат за производите и компаниите кои ги интересираат пред да купат производ, па ако немате веб-сајт пропуштате потенцијална продажба. Дури и клиентите да одлучат да не го купат производот онлајн, многу веројатно е дека тие ќе истражуваат на интернет пред да отидат до продавница, па затоа морате да имате веб-сајт за овие луѓе да научат повеќе за вашиот бизнис.
Веб-сајтот е важен затоа што му помага на бизнисот да воспостави кредибилитет на пазарот. Како што рековме погоре, повеќето потенцијални клиенти можеби слушнале за вас и претпоставуваат дека вие имате веб-сајт, затоа што повеќето сериозни или поголеми компании имаат, па сакаат да дознаат повеќе за вас.
За прилично голем број од малите бизниси кај нас не може да се најдат информации за соработка и за тоа какви производи нудат затоа што немаат веб-сајт и без него токму и тоа ќе останат, мали бизниси. Па така, потенцијалните клиенти ќе стекнат впечаток дека сте мала компанија која не го сфаќа бизнисот сериозно, а откако ќе стекнете таква репутација ќе биде многу тешко да остварите продажба.

Една од одличните работи кај интернетот е тоа што големината на вашиот бизнис навистина не е важна. Нема никаква причина зошто вие и вашиот веб-сајт не би биле рангирани на Google веднаш до, па и над вашите домашни и интернационални конкуренти и да им украдете од интернет сообраќајот и нивните потенцијални клиенти. Ова е од огромна важност особено за мал бизнис, затоа што денес преку интернетот, полето на игра е изедначено….
…Целата статија може да ја прочитате на следниов линк