10 причини зошто ти е потребен редизајн на веб сајтот

Денес, првите впечатоци за твојот бизнис се базираат скоро секогаш после првата посета на твојот веб сајт.

Кога велам прв впечаток, мислам на визуелното. Редизајнот на визуелното и функционалното не е нешто што треба да го сфатиш како „Ах, има време ќе го средиме и тоа понатаму..“. Редизајнот исто не значи дека треба да се промени секој можен графички елемент на вебсајтот. Редизајн може да биде и модификација на некои од функционалните елементи која значително ќе му помогне на вебсајтот да работи подобро и побрзо да ги постигне посакуваните маркетинг цели.

Добро дизајнирана и респонзивна веб страна е нешто што МОРА да го имаш денес без разлика за кој тип на бизнис се работи. Ние не можеме да ти дадеме причини да не ја редизајнираш вебстраната ако се пронајдеш во една од овие 10 работи подолу:

1. Си ја правел сам

Со градење на веб страна сам на платформи како GoDaddy и Weebly без претходно искуство не само што никогаш нема целосно да ја поседуваш содржината со која си градел, туку и сајтот ќе ти изгледа како фејсбук страна или Google Plus профил.

Кога Facebook апдејтува алгоритам, правила и ѕид се се менува наеднаш. Истото ќе се случи и со твојот веб сајт кога го градиш на бесплатни или ефтини платформи. Уште полошо, често после апдејтување на овие платформи, голем број од изградените веб страни знаат и да исчезнат. И тоа не на еден час или ден, туку не може да се вратат со месеци. Тоа значи дека ќе те нема на Google некое време. А бизнис што го нема на Google исто како да не постои денес. Веќе кога зборуваме за Google..

2. Сајтот не се појавува на Google

„Изгради сам“ веб страните имаат основно (исто како да го немаат) SEO. Google и другите пребарувачи редовно ги обновуваат правилата според кои се генерираат резултатите од пребарувањата. Ако рангирањето на вебсајтот ти е ниско тогаш ти е потребна нова SEO стратегија. Со редизајн и градење на вистински вебсајт но и со употреба на најдобрите Google практики твојот вебсајт ќе биде подобро рангиран и ќе генерираш повеќе интернет сообраќај.

3. Не ја обновуваш содржината

Ако ти е тешко да ја обновуваш содржината, или воопшто не ја обновуваш (со нова содржина), Google ќе гледа на твојот вебсајт како на „статичен“ и тоа ќе се одрази како негативно во алгоритамот за ранг. Едноставно кажано, Google сака активни веб страни.

Плус, редовно обновувана содржина ќе ги натера клиентите да го посетуваат вебсајтот постојано. Редовно обновување на содржината ќе ти го подобри рангирањето на Google и ќе покаже не само дека бизнисот ти е активен, туку и ќе стекнеш додаден авторитет кај клиентите.

4. Сајтот ти е бавен

Ако е потребно премногу време за да се лоадира еден веб сајт, или посетителот има слаб интернет или сајтот ти е за никаде. А за 2 секунди чекање посетителот губи интерес за вакви сајтови.

Може да има повеќе причини зошто еден вебсајт е бавен, но најчеста е потребата за апдејтови и промена на некои од застарените елементи кои значително го успоруваат (Adobe Flash). Многу од тие елементи го нарушуваат корисничкото искуст…


Остатокот од статијата прочитај го овде.