На патот за Европа

Раселените деца се лесен плен за криумчарите и трговците со луѓе

Долж изолираните делови од патот на најголемиот остров во Италија, Сицилија, млади жени седат на столчиња на секои неколку стотини метри, чекајќи клиенти. Многу од нив се нигериски мигрантки, жртви на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација на опасното патување до Европа. Оваа серија фотографии ги покажува местата каде се експлоатираат некои од овие жени и девојки.

© UNICEF/UN062783/Gilbertson VII Photo

Столче за проститутки, јужно од Катанија. Многу жени и девојки се жртви на трговија во Италија под лажен изговор и ветување дека ќе работат како чистачки или помошнички. По опасното патување во Европа, тие се присилени на проституција за да го отплатат долгот изнуден од трговците.

© UNICEF/UN062785/Gilbertson VII Photo

Поглед од Етна, столче и потпетици, доказ за сексуалната експлоатација што се случува на овој пат од 5 километри кој минува низ насади на портокали и маслинки. Кога бизнисот ќе забави на зајдисонце, макроата излегуваат од скривалиштата и ги пикаат жените во коли назад кон Катанија.

© UNICEF/UN062793/Gilbertson VII Photo

Кондоми и градници фрлени на земја, на чистинка што ја користат проститутките во шумите и насадите со портокали на Парко дела Фаворита, во Палермо.

„Ниедна од нас не сака да го прави ова“ вели [ИМЕТО Е СМЕНЕТО] Глори, 27, доселеничка од Лагос која работи таму.

© UNICEF/UN062782/Gilbertson VII Photo

„Тоа е само пат низ шумата, со толку многу девојки кои работат на него“, вели Синтија, 21, жртва на трговија со луѓе од Нигерија, присилена да работи јужно од Катанија, „Работев од утро до мрак. Не се сеќавам со колку мажи бев, но беа многу.“

© UNICEF/UN062789/Gilbertson VII Photo

Душек што го користат проститутките, јужно од Катанија. Трговците со луѓе „цветаат“ кога државните институции се слаби и кога „врие од“ организиран криминал. Овде полицијата не реагира, па за девојките и жените-жртви на трговија, законот не е ниту пречка, ниту заштита.

© UNICEF/UN062792/Gilbertson VII Photo

Соба што ја користат нигериските проститутки во областа Баларо, Палермо. Сиромашни, незаштитени, а често и сами, децата во движење стануваат лесен плен за трговците со луѓе, кои ги злоупотребуваат и ги експлоатираат — 72% од жените-жртви на трговија се сексуално експлоатирани.

© UNICEF/UN062788/Gilbertson VII Photo

Столче за проститутки близу до железничката станица во Палермо. Раселените деца мора да се заштитат од експлоатација и насилство. Остри мерки против трговијата со луѓе, поцврсти системи за детска заштита и поголем пристап до информации и помош може да помогнат за безбедност на децата.

© UNICEF/UN062791/Gilbertson VII Photo

Напуштена куќа со душек за проститутки во Палермо.

„Никогаш не бев дете“, вели [ИМЕТО Е СМЕНЕТО] Мери, 17, на која ѝ помогнал адвокат, откако била тргувана во Италија.

Децата во движење се пред сé, деца — потребна им е заштита.