Вистината за автобускиот транспорт во Македонија

“Среде лето, во мојата земја, во втората деценија на 21 век. Се возам со меѓуградски автобус со расипан климатизер — не лади, туку автоматски се вклучува греењето, без можност да се исклучи (според шоферот, од безбедносни причини).

Седам на половина седиште, бидејќи бројот на седиштето запишан на билетот не бил важен, бил само формалност. Или “ебаго, со редој ли че се замараме” што би рекол шоферот.

Сите си молчиме, како да сме свикнале на ваквата реалност и уживаме во отсуството на воздух и препотувањето, дури низ автобусот ечи музиката со текстови од типот “измеџу мене и тебе тама..”. Дури се качуваат и други, и тоа онаму каде што нема станица и одлично, уште од одма се вклопуваат во атмосферата. Групно, сите загледани во мобилните. Недостига уште некој што ќе брка покемони низ автобусов.

Едно дете плаче. Многумина уморни, возбудени од плачот не можат да заспијат. Нема кој да го смири — мајка му спие.

Се движиме бавно, ама немало да има пауза за да стигнеме на време. Пушачите се тешат со тоа дека помалку ќе пушат дури патуваме, а за тоалет никој не спомнува за да не биде дека е мочко… А сите мислиме дека сме луѓе.

Зад шоферот кој намерно вози по стар пат, за да избегне една патарина, а да ги уништи амортизерите, има два часовника — на едниот, веќе два часа е 12, а на другиот, оној функцуоналниот е 3 и 37. Мојот рачен часовник покажува 19 и 31.

И така, преживувајќи во ваквата реалност, не се замарам до формалности, уживам во препорувањето и отсуството на воздух. Молчам, гледајќи во мобилниот и се запрашувам во кое време живеам…

Не е расказ, вистина е!” пишува Иван Антоновски на својот Facebook профил.

Всушност лошиот меѓуградски автобуски превоз е една од причините поради кои ВозиМе постои.

Затоа, следниот пат кога планирате да патувате, резервирајте седиште на еден од споделените превози, уживајте во климатизиран автомобил, запознајте се со нови луѓе, стигнете неколку часа побрзо а платете помалку од автобуска карта.

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.