Како да заштедите додека патувате

Со почетокот на летото се раѓа и желбата за нови патувања, нови авантури, но и стравот од високите температури и трошоци кои ни задаваат сезонски главоболки. Во следниов текст ќе се обидеме да ви го пренесеме нашето искуство за како да заштедите пари за исполнување на сите планови додека комплетно уживате во секој момент од вашето патување.

  1. Искористете ги можностите на економијата на споделување.

Феноменот на 21-от век, економијата на споделување, може да ви помогне да заштедите огрмни суми. Безразлика дали ќе рентате нечиј велосипед, автомобил, спиете во нечиј апартман или кауч или пак ги делите патните трошоци запознавајќи нови луѓе, овие апликации покрај тоа што се пријателски настроени кон вашиот буџет, тие се и многу забавни.

2. Летајте со ниско буџетни авиокомпании

Покрај тоа што цените на горивата се намалени, авиокомпаниите не ги поевтинуваат нивните седишта. Но затоа постојат компании како Wizz Air, Ryan Air, Norwegian Air, WOW, и Air Asia. Доколку следите редовно можете да летате со Ryan Air од Солун до Лондон за 19 евра, или со Air Asia од Азија до Австралија за $150.

3. Престанете да плаќате провизии!

Немате потреба да ги полните сметките на комерцијалните банки со секое подигање на готовина од вашата дебитна или кредитна картичка. Доколку е возможно носете дел од вашите пари во готовина, и со картичка плаќајте во маркети или ресторани, на тој начин тие ја плаќаат провизијата. Но, ако морате да подигнете готовина тогаш подигнете поголема сума, така ќе платите провизја само еднаш, наместо да плаќате секој пат кога повлекувате 5 или 10 евра.

4. Јадете како локалците

Иако патувањето на буџет не препорачува јадење по ресторани, доколку морате да го направите тоа, јадете во ресторани со локална кујна. Покрај тоа што е интересно да експериментирате со нови и различни вкусови, локалната кујна е најчесто домашно производство што значи дека сигурно би било поевтино во Италија да јадете пица отколку кинеска храна.

5. Користете Last-minute deals

Еден од начините за да се информирате за last-minute deals е да се придружите во постоечки групи на Facebook. Но многу поефективни се апликациите кои ги следат понудите од туристички агенции како и хотели, апартмани, и авиокомпании. Бидете up-to-date со овие понуди, но и погрижете се вашиот распоред да е доволно флексибилен, и со тоа ќе заштедете најмалку 20%.

Како вие ги намалувате трошоците за патувањето, кои се вашите совети за патување со буџет?

Пишете ни на социјалните мрежи и следете не за повеќе содржини кои доаѓаат.

VoziMe Team

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.