Мрзливи сте за да го испланирате вашето патување од соништата? Оваа Google алатка ќе го направи тоа за вас

Сите сме се нашле во таа ситуација — конечно стигнавте на посакуваната дестинација, но таксистот не знае каде точно да ве остави. И се наоѓате себеси лутајќи низ темни улици со вашиот багаж.
Ја имаш адресата во GoogleDoc а не можеш да ја отвориш (а и да можеш ќе ти треба Google Maps за да ја пронајдеш), и конечно наоѓаш кафуле каде што се надеваш дека има бесплатен Wi-Fi.

Google Trips

Сега благодарејќи на Google, можете да ги имате сите резервации само во една апликација — и тоа без да ви е потребен Wi-Fi, само спушетете ги информациите за патувањето пред да тргните.

Google Trips автоматски ќе ги импортира сите информации поврзани со вашето патување од вашиот Gmail профил, така што вашите летови, хотели, Airbnb, тури и резервации за ресторани ќе бидат организирани по патување.

Вградените алатки во самата апликација како “Need to Know” ти помагаат да бидеш информиран за локалната валута, како да стигнеш од аеродром до центар и слично.

Google Trips исто така има “Things To Do” алатка, која ви овозможува да пребарувате со цел да ви помогни да го испланирате вашата совршена рута, која потоа можете да ја мапирате во “Day Plans” секцијата, комплетирана со транзитно време помеѓу дестинациите, колку долго туристите се задржуваат на тие атракции и што можете да видите помеѓу секоја станица.

Истовремено за туристите постои ‘Saved Locations’ секција, каде што можете да ги мапирате сите ресторани и локации кои сте ги пребарувале претходно.

Google работел 2 години на подобрување на апликацијата Google Trips. “ Нашата апликација е супер во делот на планирање, но треба да работиме на помагање на нашите корисници кога ќе стигнат на нивната дестинација.” вели претставник на апликацијата.

Па, каде ќе ве однесе Google Trips вас?

Текстот е преземен од https://omgfacts.com/@hepoindexter