
Издувна Македонија
Трката по подобар пласман во автомобилската индустрија одамна ги измести првичните правила на игра каде победник беше оној со најголема моќност на моторот. Најновите трендови доведоа до појава на хибридни и електрични автомобили кои повеќекратно ја зголемуваат ефикасноста од возењето на автомобил, а истите се и еколошки многу поприфатливи од стандардните согорувачи на горива. Еден од главните фактори при оценувањето на одреден автомобил денес е количеството и составот на издувните гасови.
Со секојдневниот развој на технологијата производителите на автомобили се во константна трка со своите конкуренти во редуцирањето на штетната емисија на гасови. За автомобилите како еден од главните загадувачи на воздухот во светот се појавија одредени ограничувања и стандарди кои се применуваат се со цел за заштита на животната средина. Наш добро познат пример се Euro emission standards кои се налагаат на земјите членки во Европската унија но и на земјите од Европската Економска Заедница.

Нивната историја датира уште од 1970-тата година кога за прв пат беше представен првиот стандард за емисија на издувни гасови на патничките автомобили во Европа. 22 години подоцна, во 1992 беше представен “Euro 1” стандардот. Истиот го предвидуваше каталитички конвертори за намалување на нивото на емисија на карбон моноксид CO во воздухот од автомобилите. Оваа пракса на се поригорозно стандардизирање на издувните гасови стигна до “Euro 6” стандардот кој беше представен во Септември 2014-тата година.
Македонија се чини дека е далеку од можноста да се пофали со стандардите кои ги поседуваат нејзините возила. Но мора да признаеме дека забележителни се разликите во возниот парк на Македонија пред 10 години и сега. Според последните достапни податоци во Македонија се регистрирани 371 449 патнички автомобили што споредбено 2010 –тата година бележи зголемување за 61228 регистрирани автомобили.

Од истите дури 245 619 се произведени пред 2000 година. Тоа значи многу ниски еколошки стандарди споредено со европските земји.
Македонија до минатата година го дозволуваше увозот на автомобили со “Euro 2” стандард, а од 30ти јуни оваа година го забранува увозот на возила со “Euro 3” стандард. Ова ја прави нашата земја крајна дестинација на старите европски автомобили, а македонскиот воздух високо позагаден во споредба со европските земји.
Но покрај стандардната препорака која ја добиваме од државните власти за се почесто гористење на јавен превоз, можете да ја намалите емисијата на штетни гасови со делењето на превоз. Со делењето на превоз патуваат повеќе луѓе во еден автомобил со што се намалува потребата од секојдневно користење на автомобилите од сите сопственици. Доколку сакате да се грижите за природата а посебно аерозагадувањето, знаејќи ги страшните потадоци кои ги слушаме по медиумите секојдневно, следен пат кога патувате со својот автомобил, не дозволувајте да имате слободни седишта.
Возете безбедно,
VoziMe Team