Од говорот на Груевски, одржан на 23-ти октомври, стана јасно дека тој стои зад оркестрираната хајка против Питер Ванхауте во Македонија, како и зад сите чекори со кои се блокира работата на Специјалното јавно обвинителство и договорот од „Пржино“. Со полна уста „народ“, Груевски , во стилот на најголемите националистички диктатори, им порачуваше на ЕУ и на САД дека само народот ќе решел што треба да се прави во услови на оваа криза.
Говорот на Груевски по ништо не се разликуваше од оној фамозниот на Милошевиќ, одржан на Ушќе. Полн со популистичка и агресивна реторика, Груевски се закануваше дека „жестоко ќе се спротистави“ на сите кои сакаат да и’ наштетат на државата. Ако притоа се анализараат и изјавите на Латас, Миленко и останатите мегафони на Груевски, кои отворено повикуваат да се напушти договорот и народот да застана во одбрана на нашиот премиер, тогаш е јасно во која насока Груевски планира да ја поведе Македонија.
Свесен дека ваквото однесување значи губење на препораката од ЕУ, Груевски си дозволи во име на сите нас да соопшти дека „македонскиот народ од таквата одлука не би бил многу разочаран“.
Тој и официјално почна да го подготвува теренот за изолација на државата и дефинитивно напуштање на преговорите, нешто што ќе не’ одведе во многу подлабока политичка криза. Он е решен да ја ризикува идинината на цели генерации и да ја изложи Македонија на санкции и назадување, само да ја спаси сопствената кожа.
Народот, на кој постојано се повикува Груевски, ова не смее да го дозволи. Народот не смее да дозволи во негово име да се уназадува државата и да се ризикува судбината на граѓаните, се’ со една цел — да се спаси Груевски од затвор! Овој народ во историјата доста страдал од свои водачи. Најголемите братоубиства биле предизвикувани од нив. И време е тоа да престане.
Силно верувам дека ЕУ и САД ќеразбераат дека не постои колективна вина на народот. Затоа ги повикувам во овој случај да ја индивидуализираат вината и казната. Груевски и екипата ололу него треба да ги почуствуваат санкциите, црните листи и замрзнувањето на нивниот имот во странство. Но, сите граѓани не смеат да бидат жртви на однесувањето на Груевски. Време е да се симнат дипломатските ракавици и да се посочи виновникот, а потоа и против него да се преземат конкретни мерки.

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.