Брз водич за телесна композиција, мускулна маса и поткожни масти

Сигурно кога сте биле на лекар или кај вашиот матичен доктор имате видено табели со податоци каква треба да биде тежината според возраста, висината и полот. Она што може овие табели да ви кажат е дали сте со покачена телесна тежина, намалена или сте во референтните граници. Но, она што овие табели не го земаат во предвид е каква е вашата телесна композиција. Колку мускул и колку масти има вашето тело.

Нашето тело односно таа тежина што вагата ни ја покажува е составена од два дела. Едниот е мускулна маса, а другиот се масти. Мастите се пак поделени на два дела. Едните се наречени есенцијални, а другите се заситени.

Телесни масти и мускулна маса

Есенцијалните масти (на пример омега 3) сочинуваат дел од мастите зачувани во органите, срцето, белите дробови, црниот дроб, бубрезите и дигестивниот тракт, a исто така и во мускулното ткиво, централниот нервен систем и коскената срцевина. Се викаат есенцијални затоа што му се неопходни на телото за да обавува основни телесни функции како што се регулација на температура, абсорпција на потреси (удари на пример) и продукција на енергија. Жените имаат повеќе од овие масти бидејќи самото тело чува поголеми резерви за поддршка кога се во бременост и за други хормонални функции.

Заситените масти имаат пак функцијата да го заштитат телото (како ќебе и перница :) ). Всушност се наоѓаат околу органите, околу коските, и под кожата како би го заштитиле телото од надворешни влијанија и термоизолација. Многу често овие масти се покачени, па првично ни сметаат естетски, а потоа и здравствено.

Чиста мускулна маса е се’ она што не се масти, па така ова вклучува мускули, коски, органи, лигаменти, тетиви, течности… Мускулната маса и мастите се комплетно различен состав на ткива па затоа не верувајте во митот дека мускулите може “да се претворат во масти”. Можеби со изоставување на вежбање и недволен внес на протеин може да изгубите мускул и на виделина да преовладуваат мастите, но исто како што не може црниот дроб да се претвори во кожа исто така и мускулот не се претвора во масти.

Премасен или претежок?

Анализата на составот на телото обезбедува корисни информации кои можат да се користат за да се направи разлика помеѓу некој кој е “слаб” и некој кој е “фит”, како и некој кој е “премасен” и некој кој е “претежок”.

На пример, некој кој тежи помалку од она што кажуваат табелите за BMI (body mass index) ќе биде класифициран како “тенок” — според табелата. Но, со оглед на составот на телото што не е земено во предвид од страна на табелата, тоа лице, всушност, може да носи вишок на масно ткиво — и во тој случај, ќе биде “премасен”.

Од друга страна пак, некој кој тежи повеќе од она што укажува табелата, ќе биде класифициран како лице со “прекумерна тежина”. Но, повторно, со оглед на тоа дека составот на телото не се зема во предвид, тоа лице може да има всушност мал процент на масти (како на пример еден спортист кој има многу мускул) — и во тој случај всушност личноста е “фит”.

Ова е важно, бидејќи зборуваме за вишокот на масно ткиво — не само вишокот тежина. Тоа има влијание врз целокупното здравје на поединецот и неговата благосостојба. Здраво ниво на масти се околу 15% за мажите и 22% кај жените, но овие вредности ќе се разликуваат во зависност од вашата возраст. И, бидејќи заклучивме дека е вистина дека вишокот масти може да го стават вашето здравје во ризик, не треба да ги исфрлате некои масти од исхраната, затоа што извршуваат некои важни телесни функции.

Достигнување на вашата најдобра тежина и изглед

Правилна исхрана и вежбање може да им помогне на поединци во постигнување и одржување на здрава телесна тежина и форма. Соодветна програма за вежбање може да помогне да се изгради и одржува мускулната маса. Во исто време, програма за одржување на тежината може да помогне да се намали севкупниот процент на телесните масти — но имајте на ум дека вие не може да таргетирате одредена група на масти, како што на пример среќавате статии или реклами: “намалети ги мастите околу стомакот”. Тоа не постои! Единствено, доколку правите и практикувате секојдневно многу вежби кои ги таргетираат вашите стомачни мускули или нозете на пример. Така ќе придонесете да напрвите подобар тонус на мускулите и тоа ќе направи да изгледате послаби.

Ако сето ова ви звучеше интересно и поучно и доколку навистина ве интересира во каква состојба е вашето тело и ви треба можеби некаква помош, во текот на целиов месец ви овозможуваме да си искористите една таква анализа бесплатно и да имате една бесплатна 30 минутна средба со нас, на која можеби ќе ве инспирираме или ќе ви помогнеме во промената. Се’ што треба да направите е да ја споделите оваа статија на вашиот фејсбук профил, и да ни’ напишете во приватна порака во кој град живеете за да договориме детали.

FACEBOOK: ARSOV IVAN

INSTAGRAM: ARSOV24

)
Welcome to a place where words matter. On Medium, smart voices and original ideas take center stage - with no ads in sight. Watch
Follow all the topics you care about, and we’ll deliver the best stories for you to your homepage and inbox. Explore
Get unlimited access to the best stories on Medium — and support writers while you’re at it. Just $5/month. Upgrade