Како се будиш? Одморен или уморен?

Научно гледано, логично е дека е телото поефикасно по добар одмор, а бидејќи повеќето луѓе најмногу се одмораат и се регенерираат во текот на ноќта, утрото е време кога телото работи со полна пареа. А и пофокусирани сме рано наутро, пред да се соочиме со предизвиците на испланираните дневни обврски.

Пет совети за вежбање рано наутро што ќе ви помогнат да станете и да го почнете денот

Фокусирајте се

Ако вежбате рано наутро денот понатаму ќе ви биде слободен и ќе може да се фокусирате на она што треба да ги правите. Мирот и тишината кои ми се потребни за да го испланирам денот и за да не заборавам ништо ги добивам од џогирањето кое ми го разбиструва умот. За максимално да го искористите времето, обидете се додека вежбате да си го испланирате денот.

Поставете си приоритети

Сите имаме добра желба да вежбаме, а многу луѓе велат дека секогаш им е во ПЛАН да вежбаат, но како што одминува денот, така времето едноставно им се пополнува и не го ставаат вежбањето како приоритет пред стотици други работи што треба да ги завршат.

Колку пати сте имале намера да вежбате, но не сте успеале зашто денот ви станал хаотичен, па сте немале ни време, ни енергија да му посветите внимание на своето тело? Станете рано и почнете го денот со тренинг, така нема да ви пропадне планот да извежбате.

Бидете позитивни

Подобрете си го расположението со природен наплив на здрави хормони. Со вежбање во телото се поттикнува ослободување на ендорфини, хормон на среќа. Ако го почнете денот утрински вежби кај вас ќе се јави позитивно чувство и чувство на среќа што ќе влијае на вашиот живот и на животот на луѓето со кои доаѓате во контакт во текот на целиот ден.

Постигнете резултати

Успехот и чувството на постигнување резултат ќе ви помогнат да стекнете самодоверба. Ретко кое друго чувство е подобро од чувството кога постигнеш некоја цел, и во спортот и во животот. Со воведување здрави навики и со утринско вежбање ја постигнувате целта да бидете активни. Самодовербата е неверојатен нус-производ што доаѓа со решителноста и успехот.

Метаболизирајте

Утринските вежби ќе ви помогнат да го согорувате вишокот сало во текот на денот. Кога го почнуваме денот со вежбање, го поттикнуваме и метаболизмот и го тераме телото да користи енергија за да се регенерира во текот на денот. Со вежбање се забрзува и метаболизмот во мирување, а на тој начин телото поефикасно ги согорува калориите.

FACEBOOK: ARSOV IVAN

INSTAGRAM: ARSOV24

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.