Подуеност после оброк: брзи совети како да го издишете стомакот

Ти се случило ли некогаш? Само што завршуваш со јадење и по кратко време осеќаш како твојот стомак буквално расте и се дуе. Исто како балон кој се дуе и е полн со воздух. Дури се случува и да се јави потреба за разлабавување на каиш и откопчување на фармерки и панталони.

Најчести причинители на подуеност

Кога осеќаш подуеност, всушност тоа е заглавен воздух во твојот дигестивен систем и тој воздух може да дојде од изненадувачки број на извори. Една од причините е брзото јадење што придонесува за да влезе поголема количина на воздух во дигестивниот систем. Друга причина може да биде пиењето течности со цефка особено за време на јадење или зборување додека се џвака (затоа не се зборува кога се јаде :) ). Исто така пиењето на газирана вода или уште полошо сокови придонесува дополнително внесување на воздух.

Е сега, доколку ги отклони овие погоре споменати причинители за влез на воздух во дигестивниот систем не постои реален извор како поинаку да внесеш воздух. Но, постои друго нешто што се создава во самиот стомак. На пример, кога јадеш зелка, брокула, грав — не внесуваш воздух, но тие се огромни предизвикувачи на гасови, едноставно затоа што телото користи доста време и енергија да ги разгради сложените јаглехидрати и растителни влакна што тие ги содржат. Кога бактериите ќе почнат да работат на нивно разградување, се создава огромна количина на гас во самиот процес.

Други причини може да бидат џвакањето мастики, бидејќи се голта голема количина на воздух. Можеби па имаш некаква алергија или интолеранција на одредена храна, но тоа треба да го консултирате со доктор.

Совети што ќе ја победат подуеноста

Прескокнување на оброци може да доведе до прегладнување и брзо јадење. Затоа не ги пропуштај твоите оброци и дај си време за главните оброци барем 15тина минути и јади смирен. Ништо нема да избега. Газираните пијалоци замени ги со обична вода, незасладени чаеви или некои свежо цедени сокови или лимонади. Секако пиење без цефка. Можеби веќе си откажан и од храната што предизвикува гасови или пак ќе се откажеш. Но, тоа не е најдобра одлука бидејки сепак ќе се откажеш од квалитетна и здрава храна. Затоа обиди се многу често да јадеш мали порции од оваа храна (зелка, грав, брокула…) почнувајки од најмали. Така всушност ќе го тренираш твојот дигестивен систем. Се и секој може да зајакне и навикне.

И на крај доколку можеби подуеноста е предизвикана од глутенот што се содржи во житарки, леб, пецива или пак од млекото односно лактозата, тогаш пробај да исфрлиш млечни продукти и производи кои содржат глутен за да провериш дали ќе исчезне подуеноста. Доколку сеуште не може да се решиш од неа, консултирај се со твојот доктор.

FACEBOOK: ARSOV IVAN

INSTAGRAM: ARSOV24

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.