
🚩
🚩 НА КАКВА ИСХРАНА СИ ТИ? 🚩


Денес во секојдневна комуникација се среќавам со луѓе кои често знаат да ми речат ‘јас сум на оваа исхрна’, или ‘моментално не сум заинтересиран за таа исхрана’, ‘си имам свој режим’ и слично.
Тука веднаш сакам да разграничам нешто, а тоа е дека не постои исхрана со име и не постои продукт кој ја носи тајната на добриот изглед, здравје и добресостојба. Постојат добри и лоши навики. И толку!
✔
Тоа што денес ќе слушнете луѓе како се на некоја исхрана или диета е само показател дека живееме во лудило од информации и дезинформации кои прават сосема комплицирана слика за тоа што значи добри навики во исхраната. Нашето тело и генетика е создадено многу пред да ние почнеме со ова лудило. Тие закони дадени од природата и животот велат дека секојдневно нашето тело треба да се снабдува со макронутритивна вредност (протеини, јаглехидрати, масти), микротнутритивна вредност ( витамини, минерали, фитоелементи), растителни влакна и вода.
Она што денес прави мисконцепција е тоа што ќе слушнете луѓе како биле на хроно, ќе слушнете како некој не јадел месо или животински продукти, некој не јадел глутен, некој млечни, некој користел додатоци, пиел спирулина, на протеинска диета бил. И знам дека создава безброј прашања за тоа што всушност е во ред?
Но одговорот на ова е следен. Ти можеш да бираш кој год начин го сакаш за да го снабдиш твоето тело со горивото што му е потребно секојдневно, но она што ги буни луѓето е тоа што некој тоа го прави преку традиционална исхрана што вклучува се’, некој го прави преку комбинација на традиционална исхрана и додатоци, некој преку веганство или вегетаријанство, некој преку исклучување на лактозата, некој преку исклучување на мешунки или па глутен, затоа што се дуе. Не е важно како ќе ги внесете нутритивните вредности, важно е да ги внесете и важно е да не доаѓаат по синтетички пат. А се она што денес постои како исхрана со име, или исхрана со рестрикции и нејадење на некоја група нутриенти е само врв на целото ова лудило со исхраната!


FACEBOOK ; ARSOV IVAN
INSTAGRAM ; ARSOV24