Да се живее, значи да се ужива во секој дел од денот.
Но нажалост почуваме да живееме, во оној момент кога почнуваме да умираме.
Смртта не учи многу за животот, но нажалост тоа е момент кога треба да се соочиме со фактот дека повторно нема да го испиеме нашето омилено кафе.
Смртта, сите ќе не натера да размислиме малку повеќе за односите со нашите пријатели, родители, деца.
Сите ќе умреме еден ден. Но додека сме живи треба да научиме да живееме како секој ден да ни е последен на ова парче земја.
Но проблемот што го имаме сите е дека ние живееме како да имаме илјадници животи пред нас.
Смртта доаѓа со секоја свеќа што ја дуваме за роденден, а ние не сме ние свесни за тоа.