ДОСИЕ-САШО(АЛЕКСАНДАР) МИЈАЛКОВ 2 ДЕЛ

Почитувани,

ПРАШУВАМЕ, ДАЛИ ДИРЕКТОРОТ НА УБК, САШО МИЈАЛКОВ, ФИРМАТА ВО ЧЕШКА ШТО НЕ МУ БЕШЕ ПРИЈАВЕНА ВО АНКЕТНИОТ ЛИСТ СИ ЈА ПРОДАЛ САМ НА СЕБЕ?

ДАЛИ ДИРЕКТОРОТ НА УБК, БРАТУЧЕД НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ, ГИ КОРИСТИ ЗЕМЈИТЕ, ДАНОЧНИ РАЕВИ, ЗА СВОИТЕ БИЗНИСИ?

Денеска ќе обелодениме официјални документи достапни на интернет страниците на чешките институции, што откриваат како работи овој висок македонски функционер.

Сашо Мијалков во неговиот Анкетен лист нема пријавено цела една фирма во Чешка во негова 100 процентна сопственост, тоа е фирмата МИРТЛАНИС, директорот на УБК ја продаде фирмата.

Ајде да видиме на кого. Или можеби е повторно негова?

Долу на сликата го има договорот кога Мијалков ја купува фирмата МИРТЛАНИС. Склучен на 26 февруари 2013 година. Под потписот на купувачот Сашо Мијалков, се наоѓа потпис на лицето Горан Гацов. Познато е дека фамилија Гацови ги води бизнисите на Мијалков во Чешка.

Значи Горан Гацов станува управител на фирмата МИРТЛАНИС.

Мијалков,освен грешки во нули, заборавил во Антикорупциската комисија да пријави и фирма во Чешка, што ја купил додека ја извршува функцијата директор на УБК.

Веднаш дента по објавувањето на документите за сопственоста на МИРТЛАНИС на 7 ноември 2013 г. на 8 ноевмри, Мијалков ја продава фирмата МИРТЛАНИС.

Ја продава на фирма од рајска Панама. Називот на оваа оф шор фирма е ТАСИГА КОРП. Регистрирана во Панама, само три месеци пред да ја купи фирмата на Мијалков, МИРТЛАНИС.

Продава Сашо Мијалков, купува ТАСИГА КОРП.

Фирмата на Мијалков МИРТЛАНИС формално оди во сопственост на панамската фирма ТАСИГА.

Но, погледнете на крајот од документот.

УПРАВИТЕЛ НА МИРТЛАНИС, СОПСТВЕНОСТ СЕГА НА ТАСИГА КОРП, ОСТАНУВА ЧОВЕКОТ ОД ДОВЕРБА НА САШО МИЈАЛКОВ, ГОРАН ГАЦОВ.

Чија е МИРТЛАНИС господине Сашо Мијалков?

Дали свртевте преку Панама и повторно влеговте во ваша МИРТЛАНИС?

Зградата на Сквер 5/1 во Прага е седиште МИРТЛАНИС. Но Зградата на Сквер 5/1 е локација на уште две фирми. Едната во директна сопственост на Сашо Мијалков, директор на УБК во Македонија. Другата во сопственост повторно на панамската фирма ТАСИГА КОРП, чиј директор е друг член од семејството Гацови, Љупчо Гацов.

Целата зграда на Сквер 5/1 во Прага е во сопственост на фирма на семејството Гацови, менаџери на бизнисите на Сашо Мијалков.

Панамската фирма ТАСИГА КОРП е формирана само три месеци пред да ја купи од Мијалков фирмата што тој ја криеше од Антикорупциската комисија, МИРТЛАНИС.

Во дел од сликите погледнете ја и поврзаноста на МИРТЛАНИС со КОСТЏОИНТ, ЕФИШНЕНСИ — Чешка, Панама.

Ви го претставуваме и линкот каде може да се види моментално ситуацијата со фирмите на Мијалков во Чешка. линк-http://rejstrik.penize.cz/saso-mijalkov