1000 Посетители на CareerLaunch. [галерија + видео + …]

Повеќе од 1000 луѓе го посетија саемот за започнување кариера во tech и стартап компании — CareerLaunch организиран од Summer Work & Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје. Настанот се оддржа на 5-ти и 6-ти мај во Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски” во кој учествуваа 23 компании со отворени 72 позиции за работа и пракса. Оваа бројка нè охрабрува да продолжиме заедно да ја градиме оваа приказна за поттикнување на локалната tech и стартап култура.

Career Launch Talks и Workshops

Во првиот ден од настан беа организирани CareerLaunch Talks каде одбрани говорници ги споделија своите практични совети за кариера. Доколку не успеавте да присуствувате на CareerLaunch Talks, и сте љубопитни, пратете нè на фејсбук страната на CareerLaunch каде наскоро ќе ги објавиме видеата со говорите. Меѓу нас во тимот немаме заеднички фаворит од говорите на CareerLaunch. Тука ќе споделиме наши омилени цитати за некои од нив:

What I realized that there is actually lot of opportunities here, that might not seem like that. A lot of people’s really good solutions to the problem is to look outside. If we try to think in long term there are actually lot of opportunities here, a lot of untapped potentials in terms of developing especially to products and services connected to the internet. — Димитар од Reborn

„Ти си гениј и чекаш шанса, штета космосот е пред тебе.” — ова e цитат на македонскиот бенд Бернајс Пропаганда и со ова сакам да ја пренесам главната порака. Да се отстрани од себе уште во почетокот на кариерата тоа чувство на наследување дека животот ви должи нешто.” — Калина Зографска

Третата точка за да се биде успешен е времето. Често во компании слушам за менаџмент. Денес, прво треба да постои свест за време. Ако немате свест за време оставете менаџмент, никогаш тоа нема да ви помогне за да бидете поуспешни. Вие треба да бидете свесни на она ниво, времето кое го поминувате во било која активност е дека никогаш нема да го вратите назад.- Хајан Селмани, сопственик на ХАСЕЛТ

Не се обраќај како кон компанија, туку како кон луѓе. Во Stay Uncle досега не сме вработиле преку CV. Во мојот процес на регрутација и селекција на канидадат за работа имам само едно прашање „Што можеш ти да направиш за Stay Uncle?” — Блаже Аризанов од Stay Uncle

На вториот ден, на програмата беа CareerLaunch Workshops каде компаниите имаа можност да го споделат нивното знаење од областите за програмирање, бизнис и маркетинг со посетителите.

Успехот на CareerLaunch се должи на тим ентузијасти.

Ивона и Гого (дизајнер на CareerLaunch)

Приказната за CareerLaunch ја градиме заедно со нашите партнери и соработници. Оваа година, CareerLaunch ја имаше главната поддршка од Амбасадата на САД и УНДП Македонија, како и спонзорите Seavus Education & Development Centre, Netcetera и HASELT.

Визијата на CareerLaunch е да продолжи да ги поддржува локалните tech и стартап заедници

Како наш предизвик за следниот период е да се организира CareerLaunch и во останати градови во Македонија. Наша желба во следниот период е да видиме CareerLaunch Битола, Тетово или Охрид.

Се гледаме во октомври на тројката :)

Фото галерија

Show your support

Clapping shows how much you appreciated Emir Slezovikj’s story.