Што не треба да правиш ако си почетник во фриленсингот

Да прашаш 10 фриленсери зошто почнале со фриленсинг, сите ќе ти дадат различен одговор. На некој му е преку глава од канцелариска работа 9–5, некој мрази авторитет, или пак некој како мене, талкал долго време додека не сфатил дека може многу подобро да се продаде и да заработува повеќе од просек македонска плата.

Но, сите имаме едно заедничко нешто. Грешките што сме ги правеле кога сме почнувале.

Споделени искуства со многумина фриленсери како и лични искуства, ќе се потрудам да направам листа на топ 5 грешки и како да ги избегнеш ако си почетник.

НЕ РАБОТИ БЕСПЛАТНО

Една од најголемите мистерии и една од најголеми грешки што можеш да ја направиш.

Со тешка мака си се одлучил да стапнеш во водите на фриленсингот, без разлика дали како преведувач, дизајнер или програмер.

Немаш портфолио.

Знам. И тешко е.

Прво нешто што ти паѓа на памет е на твоите најблиски пријатели кои имаат некој мал бизнис да им се понудиш да работиш без пари.

Освен што нема да ја вреднуваат твојата работа и ќе имаш едно милион исправки и никогаш нема да го завршиш проектот, има уште една мрачна страна.

На луѓето околу тебе им даваш на знаење дека фриленсерите се ефтина работна сила. Се потценуваш самиот себе и не’ брукаш нас, искусните и веќе изгорени фриленсери.

Понуди фер цена и никогаш ама никогаш не кажувај дека они ти се први клиенти.

Кој по ѓаволите ќе сака “неискусен“ да му прави веб страна за неговиот му скапоцен и драг бизнис.

ЦЕНИ СИ ЈА РАБОТАТА

Ако самиот не се цениш никој нема тоа да го прави за тебе. Особено не некој што слушнал дека дечки фриленсери за поевтино работат отколку да го даде проектот на некоја компанија.

Епа добро, тогаш како да се пазарам? Фиксна цена или на час? Дали да наплаќам помалку од мојата конкуренција и да ја добијам работата или?

Зголемувањето на саатницата е еден од најболните точки на сите фриленсери. Но има трик.

Евалуирај го твоето знаење на секои 6 месеци. Искуството си го прави своето но особено доколку си во девелопмент особено е важно посетување на курсеви и освежување на знаењето. И нормално, со поголемо знаење следи и поголема плата.

Ако на почетокот си почнал со $3 на следната евалуација пробај со $5.

НЕМОЈ ДА ПРОМАШУВАШ РОКОВИ

Враќање на пари, лоши ревјуа, лоши препораки (или воопшто ги нема) и губење клиенти.

Ова се случува доколку промашуваш рокови.

Секогаш кога си во процес на договорање нов проект дај си дополнителни 4–5 дена. Никогаш не можеш да предвидиш дали ќе имаш некој семеен проблем, ќе немаш интернет неколку дена (ако си на blizoo) или слично.

Веќе си во предност. Доколку се’ оди како што треба и завршиш и порано клиентот ќе биде среќен. А тоа е најбитно.

НЕ БАРАЈ ПЕРФЕКТНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

Сите сакаме да работиме во убаво средена канцеларија, со најбрз интернет.

Сакаме да вложиме во нов компјутер затоа што стариот веќе не го бива.

Но, бидејќи си на почеток на кариера како фриленсер и доколку една од причините поради која си почнал со фриленсинг е пари, тогаш наредните неколку месеци можеш да издржиш со истата конфигурација, без канцелариски простор и стандард интернет пакет.

Ќе ми благодариш за ова.

КОМФОРТ ЗОНА И ТВОЕТО ЕГО

За ова може да се напише роман, но во друга прилика. За почеток би сакал да го цитирам господинот Хајан Селмани кој има многу размислување за комфорт зоната и егото.

It is true. The only thing that keeps you in your comfort zone is YOUR EGO. The best people I’ve ever worked and done incredible stuff with… are people who are out of the comfort zone BECAUSE they are not controlled by their ego. They are fearless and flawless. They are selfless and ready to fly in every single moment… and NO, you will NEVER understand them unless you really lose your ego. Those people change the world taking risks and challenges for others. Those are the best ones! I’m proud to know and have such people near me, every single day.

Доколку го читаш ова и ти се допаѓа, без разлика дали си фриленсер со искуство или почетник употреби ги коментарите и сподели го твоето искуство. Дури и можеш да додадеш уште нешто во оваа листа на грешки.

За повеќе клик тука