Зимска супа со брокула и куркума

Оваа брза и многу едноставна супа е лесна храна и е одлична за зимскиот период.
Брокулата, зеленчук кој содржи многу витамин Ц, како и сите зелени зеленчуци, исто така, содржи многу растителни влакна, неопходни за добар транзит. Биоактивните соединенија што ги содржи имаат анти-канцерозни и антиинфламаторни ефекти. Куркумата пак е лековито растение кое ќе внеси зачинет вкус на вашата супа.Познато е дека куркумата спречува ризици од карцином и помага во лекувањето. Исто така, лекува чирови на желудникот и воспалителни заболувања и ја намалува хиперлипидемијата и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Состојки
750 гр брокула
1 лажичка куркума
1 кромид
1 коцка супа
Подготовка
Излупете го и исечете го кромидот.Брокулата исецкајте ја на ситни парчиња.
Во тенџере, пропржете го кромидот па додадете ја исецканата брокула и една лажица вода.Во половина литар вода ставете ја коцката супа да зоврие и истурете ја водата во тенџерето со кромидот и брокулата.Додадете малку сол и една мала лажичка курума.Избледирајте ја целата смеса и оставете да врие уште 3–4 минути.
Се сервира топла!
Bon Appétit!
