Лековитите својства на модриот патлиџан

@IzberiZdravje
Nov 3 · 3 min read

Овој зеленчук потекнува од Индија уште пред 3000 години, а со векови го користат во Јапонија, Кина, цела Азија, и тоа исклучиво во лековити цели.

Плодовите од модриот патлиџан се чест гостин на менијата на љубителите на зеленчукот ширум светот, посебно во веганските кујни каде важат за вистински продукт кој што е совршена и вкусна замена за месото.

Примена во лекувањето

Освен како храна, патлиџанот во поединечни земји се применува и во медицински цели. Традиционалната кинеска медицина ја признава оваа билка како одлично сретство за лекување на гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Во Нигерија пак важи за одличен лек против ишијас, мускулни грчеви и хемороиди. Во многу источни култури е многу ценет и чајот од свежа или исушена кора од модар патлиџан.

Позната е и примената на облогите од листовите од билката или месото од плодот за ублажување на воспаленија.

Помага во контрола на дијабетесот

Веќе со векови плодовите од модриот патлиџан се познати и како одлична помош во контролата на дијабетесот. Модерните научни истражувања потврдија дека исхраната богата со овој зеленчук и оди во прилог на регулацијата на нивото на шеќерот во крвта, а една од причините е токму високата концентрација на влакна.

Ја регулира телесната тежина

Модриот патлиџан е зеленчук со ниска концентрација на јаглени хидрати, не содржи масти и има само 20 калории по парче. Богат е со влакна поради што придонесува за подолготрајно чувство на ситост. Според некои истражувања, хлорогеничната киселина која што е присутна во овој плод многу придонесува за намалување на масните наслаги.

Тоа се предности кои што прават тој да биде одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми.

Ги ублажува проблемите со варењето

Горчливите состојки во модриот патлиџан се заслужни за ослободување на грчевите од желудникот и останатите желудечни и цревни проблеми.

Плодовите на модриот патлиџан се богати со влакна кои што го штитат дигестивниот тракт и помагаат во одржувањето на функционалноста и здравјето на целиот дигестивен систем.

Го намалува нивото на холестеролот во крвта

Хлорогеничната киселина помага и во намалување на нивото на LDL (лошиот) холестерол како и зголемување на HDL (добриот) холестерол.

Насунинот има исто така голема важност бидејќи според тврдењата на научниците помага во превенција од настанок на лошиот холестерол.

Го забавува растот на туморите

Според истражувањата, насунинот, антиоксиданс кој е присутен во кората на модриот патлиџан има голема и моќна улога во превенцијата и ширењето на ракот. Студија објавена во 2005-тата година во магазинот „Journal of Agricultural and Food Chemistry“ потврдува дека насунинот делотворно го спречува процесот наречен ангиогенеза и така помага за потиснување на ширењето на туморските клетки.

Според истражувањата пак на американското Министерство за земјоделство, хлорогеничната киселина која што се содржи во патлиџанот е одличен сојузник во борбата против слободните радикали кои што се причинители за појава на рак.

Штити од вируси

Експертите потврдуваат дека модриот патлиџан, благодарение на антивирусните својства на хлорогеничната киселина, може да биде од голема корист во превенција и лекувањето на многубројни болести предизвикани од вируси.

    @IzberiZdravje

    Written by

    Welcome to a place where words matter. On Medium, smart voices and original ideas take center stage - with no ads in sight. Watch
    Follow all the topics you care about, and we’ll deliver the best stories for you to your homepage and inbox. Explore
    Get unlimited access to the best stories on Medium — and support writers while you’re at it. Just $5/month. Upgrade