Салата од модри патлиџани и фета сирење

Во зимскиот период,модрите патлиџани се доста актуелни. Дали знаете дека овој зеленчук е и одличен извор на витамините К, Ц, А, Б1, Б3, Б6 и Б9 (фолна киселина). Богат е и со минералите калиум, калциум, фосфор, бакар и магнезиум.
Состојки
8 Модри патлиџани
200г Фета сирење
50 мл Маслиново масло
20 мл Вински оцет
20 мл Вода
3 лажички оригано
2 лажички пипер
1 лажичка едра сол
1 печена пиперка
Подготовка:
Ден порано, исечете ги модрите патлиџани на дебели парчиња во должина. Наредете ги во цедилка,а под цедилката ставете длабок сад посолете ги со едра сол и ставете ги со се цедилка во фрижидер и оставете ги една ноќ за да излезе течноста од нив.
Варете го оцетот со вода. Потопете го секое парче од модриот патлиџан во смесата од оцет и вода и потоа прецедете ги на сува крпа.
Посипете ги парчињата од модриот патлиџан со маслиново масло,зачинете ги со сол,оригано и бибер и ставете ги да се печат 3 минути на 180 степени.На коцки исечкајте го фета сирењето и додадете му ја печената пиперка(може да биде и лута).Извадете ги модрите патлиџани и ставете ги да оладат 5 минути во сад за салата,потоа додадете го фета сирењето со пиперката,додадете уште малку сол,бибер и маслиново масло и промешајте.Се служи ладно.
Bon Appétit!
