Primavera Sound 2016 забавата која сакаш никогаш да не заврши

Две недели потоа ги средувам впечатоците од моето гостување во Барселона. Ретко патувам, уште поретко на фестивали, последен пат некаде 2001/2002 на Егзит, ама Барселона е у пичку матер убава.

Сакаш стари градби, сакаш паркови, сакаш гужва, сакаш лабаво, плажа, сакаш нови градби, фудбал стадиони мислам дека има за секого по нешто. Програмата им е богата како Отчетот скоро секој викенд, на пример викендот кога беше Примавера истовремено се одржуваше и Мото ГП и тепаше Роси… На сред Шпанија роџаци, ако прифатиме дека Барса е Шпанија заради сите оние моменти дека се они држаа Каталонија енд шит.

Ко за дивно чудо на фестивалот запознав едино луѓе од Мадрид некако највесели беа. И во моментот кога не запознаа тука што бевме екипица една девојка вика јас сум од Израел и навивам за Реал Мадрид. И викам аман немој жити све со тие муабети на сред Барселона и еден од момците вика башка ние за Атлетико сме и тоа беше еден интересен догаџај. Но, ова не е пост за фудбал, иако ќе ја раскажам и причата дека запознав и двајца момци од Манчестер што навиваа за Тотенхем и Ливерпул што беше навистина стрејнџ, но како што реков ова не е пост за фудбал.

Ова е пост за тоа колку е Барселона убава, за тоа дека имаат и они Триумфална веројатно копирајќи ја оваа у Скопје.

Ова е текст за тоа дека имаат и они кружни токови веројатно исто како прекрасно решените булевари во Штип

Ова е пост за изгрејсонцата

За графитите

За возовите и колку се френдли со тие #наточак

И најбитно од се за Primavera Sound 2016.

Фестивалот се одржуваше на некое огромно место како капетанија, марина што год веч ама беше огромно здание со преку 8 стејџа и уште по некое скриено чилаут местенце со репретоар на бендови и диџеи.

Реално уште кога беше самата поставеност на програмата знаев дека првиот ден е шитот. Тогаш беше се’ за што фактички и отидов Destroyer, Air, Tame Impala и LCD Soundsystem. Destroyer утнав заради доцнење на воз и улетав директно на Air. Имам и видео на страната на Винил постирано и ако не ве мрзи може да го погледнете еве линк

Дечките отсвирија профи ко дома да си ги слушаш човече и генерално сите хитови. Тоа беше на H&M стејџот што се наоѓаше веднаш наспроти Хајнекен стејџот огромен простор од некои можеби 2 км во должина и 1 км ширина еден наспроти друг. Програмата беше така направена да бендовите завршуваа на едниот, па почнуваше програмата на другиот стејџ.

За цени на фестивалот што би ве интересирало претпоставувам беа 5 еур за Хајнекен од пола литро и маичка од фестивалот од некои 25 еур. Што беше скроз кул и стварно сме дебили што дури последната вечер одлучивме да си купиме затоа што сите маички беа веќе распродадени.

Како и да е на фестивалот победи Ред Бул затоа што имаше некои 3 нови вкусеви лајм, стробери и уште некој и ги даваа за 2,5 еур што на крајот значеше дека ова ми беа најтрезните журки на кои сум присуствувал во животот. Навистина помага да си отидеш дома кога ќе се нашикаш 3 ред була :)

Откако завршија Air и направив пар прошетки да го истражам само мал дел од просторот дојде време за Tame Impala. Дечките отворија вака:

И свиреа поштено со пола саат пред предвиденото кога престанаа одеднаш и мислејќи дека се пичкици како што се отидов пцуејќи да си седнам во прашината затоа што нозете ми беа пуздер од маратонските претходни 3 дена на шпартање низ убавините на Барса. Но ко за дивно чудо се вратија и се извинија дека снемало струја и досвирија до крај по пауза од некои 5–10 минути што навистина пријатно ме изненади. Инаку струја снема и на Рејдиохед само секогаш депресивниот Том не беше толку френдли према техника кога се деси :)

Шитот почнуваше се ближеше мигот реоформените LCD Soundsystem конечно во живо дали е ова реално? Се добуткав до каде што дозволуваше гужвата и се’ беше спремно LCD почнаа да свират кај мене на концерт

Мислам дека сите игравме цело време и пеевме и игравме и беше феноменално. Не не оставија без ниедна песна која би сакале да ја слушнеме, направија феноменален концерт и потсетија дека ова е нивни втор настап на Примавера откако пред 13 години свиреле првпат на фестивалот кој бил во зародиш и прераснал во ова што е денес.

Финалето беше како од сон, за мене барем All my friends го поделив во 2 видеа и еве ги да ги погледнете:

И продолжението на финалето

Потоа забавата продолжи на Пичфорк и на РејБан стејџот. На Пичфорк го открив бендот кој ми е едно од најпријатните изнанадувања на фестивалот Neon Indian

Првата вечер иако бев најуморен ми помина најбрзо и во најубаво сеќавање и можеби ќе напишам уште еден за настапот на Рејдихед и ПЏ Харви, Сигур Рос, ама генерално ќе бидат мрчаторски :)

Во секој случај во сабота во Винил ќе правиме Примавера настан кога ќе пуштаме музика од фестивалот и ве канам сите да дојдете да доловиме повторно барем дел од атмосферата на фестивалот.

До тогаш ве оставам со зборовите на Лорка кој ги кажал за една од најпознатите и според него и најубавите улици Ла Рамбла кој за неа рекол:

Eдинствената улица на светот која сакам никогаш да не заврши