АМБРИ е тука за сите одговорни бизниси во време на COVID-19.
Како до најбезбедно извршување на работните обврски?
1. Преку примена на флексибилни политики за работа од дома, бидејќи со АМБРИ тоа е возможно.
Користејќи било каков уред со пристап до интернет, дел од вработените можат да го следат секој чекор во компанијата и да имаат беспрекорен тек на работните обврски од безбедноста на нивниот дом.
На овој начин се намалува бројот на вработени изложени на ризик од движење и физичко присуство во службените простории.
2. Преку автоматизираност, интегрираност и компактност на сите податоци и информации независно за сите магацини и продавници. …
Дали знаевте дека македонските граѓани потрошиле 176 милиони евра на онлајн купување?
Да, според Асоцијацијата за е-трговија, податоците покажуваат дека е-трговијата во земјава е во пораст, а зголемената понуда на домашниот пазар успева да ги задоволи потребите на македонските онлајн купувачи.
Македонските граѓани во текот на минатата година стекнаа се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а исто така евидентно е зголемен и бројот на новоотворени онлајн продавници во Македонија.
Конкретно, само во 2019 година, отворени се вкупно 149 нови онлајн продавници.
За 2020 година очекувано е, во најмала рака, бројот да се дуплира а тоа се должи на рапидниот раст на популарноста и користењето на Интернетот, технолошкиот напредок и епидемија каква што немало последните 100 години. Со оваа криза, на некој начин, сите станаваме дигитални номади и се верува дека после истата, навиките кон конзумирање на производи и услуги засекогаш ќе биде променето. …
Се почесто го добиваме следното прашање:
“Што е ERP и како до успешна имплементација”?
ERP доаѓа од “Enterprise Resource Planning” и наједноставно кажано е систем за деловно планирање, односно софтверски систем што управува со сите деловни активности со цел подобрување на деловните перформанси.
Кога луѓето слушаат за EPR, најчесто преовладува помислата:
Да се користи софтвер комплицирано и тешко.
Не.
Дигитализацијата не е веќе опција туку потреба на компаниите и бизнис секторот.
Денес, дури и малите и средни претпријатија користат ERP систем со цел да ги оптимизираат ресурсите, да ја подобрат профитабилноста и да ги одржат своите клиенти задоволни.
Со имплементација на ERP се обезбедува персонализиран интерфејс, мобилни апликации и алатки кои на вработените им овозможуваат поефикасно да ги извршуваат работните задачи, додека пак раководството добива квалитетни, навремени информации кои се клучни за стратешкото одлучување. …
Некаде помеѓу завршната сметка, годишниот попис и предновогодишната еуфорија, имавте ли време да ја направите Вашата бизнис резолуција?
Без разлика колку просперитет имаше Вашата компанија во 2019г. секогаш има простор за подобрување.
За сите кои се спремни да направат моќни промени во сопствениот бизнис, следуваат 8 совети:
Burnout или познат како синдром на согорување, е прв пат опишан во 1974 година како: “Психолошки синдром што се јавува како одговор на континуиран, хроничен, интерперсонален стресор на работно место”.
Во современото општество, синдромот на согорување добива размери на епидемија.
Тоа не значи дека се смета за болест, но за состојба која е реакција на долготрајна изложеност на стрес.
Лицето кое страда од синдромот на согорување е многу ранливо во однос на предизвиците на работаната околина. Забележано е и отежнато функционирање во меѓучовечките односи, заборавеност, експлозивност, грубост, негативен став кон работата, чувство на неадекватност, немоќ и безнадежност.
Се манифестира со силна емоционална и физичка исцрпеност. …