Високи температури и крзнени миленици

Како да се погрижиме за нашите миленици да го поминат ова долго и топло лето? Еве замислете вие да се шетате надвор со бунда на вас, не е интересно нели?
Милениците кои не го напуштаат домот треба да се во климатизирана соба, но секако не дирекно под клима бидејќи тоа им штети. Треба секогаш да имаат доволно храна и свежа вода достапна, особено во овој период кога се расипуваат полесно.
За кучињата работите се малку покомплицирани, и има повеќе работи кои треба да ги имаме на ум. Прошетките веќе треба да бидат или рано наутро или покасно во ноќта кога ќе зајде сонцето. Тие имаат крзно и на нив им е многу потопло за разлика од нас. Жешкиот асвалт им ги гори шепите и не смее да ги оставиме да шетаат боси.
Погрижете се вашето куче секогаш да има ладна вода и внимателно гледајте дали покажува знаци на дехидратација. Тие се потат преку шепите, а се појавува прекумерно лигавење и јазикот им е преку забите. Тогаш одма прскајте го со вода и оладете го полека за да нема здравствени проблеми.
Во летиот период кучињата со долго крзно се митарат дополнително бидејќи тие се ослободуваат од вишокот влакна. Тоа е сосема нормално, иако е надвор од периодите на митарење, и само треба почесто да го чешлате да немате влакна насекаде :)
Едно прашање, дали сте знаеле дека кучињата се ладат од шепите па нагоре? Такада ако поставувате ладни облоги, поставете ги на подот или на мешето- не на главата или грбот. Исто така ве молам, никогаш никогаш не го оставајте кучето во паркирана кола, уште помалку на сонце!
И за крај, одење на базен или езеро е секогаш добра идеа! Кучињата за разлика од мачките обожаваат вода и се одлични пливачи. Топлото време е добро оправдание да тркнеме до Охрид на викенд, нели?
