Дали сте знаеле?? 10 интересни факти за животните!

  1. Две кучиња го преживеале Титаник, померанец и пикинезер. Се исплати да бидеш мало куче.. понекогаш.
  2. Кутрињата имаат 28 заби, а возрасните кучиња до 42! Затоа ви јадат се по дома, вкучувајќи и чопари.
  3. Скоро сите рептили имаат активна салмонела, која ја пренесуваат преку устата и јазикот. Да да, дури и желките, гуштерите и змиите.
  4. Мачките се нетолерантни на лактоза. Како и сите цицачи, откако ќе пораснат ја губат способноста да ја сварат лактозата.
  5. Мачките имаат околу 20 мускули со кои го контролираат движењето на ушите!
  6. Морските видри се држат за раце дури спијат за да не се раздвојат во водата.
  7. Кога машко и женско куче си играат, машките им попуштаат да победат иако знаат дека се физички посилни :)
  8. Кучињата кои имаат “смачкана” фаца имаат голем број на здравствени проблеми. Структурата на коските на главата кај мопс, француски булдог и боксери им предизвикува респираторни и дентални проблеми.
  9. Ловењето на плен не е природен инстинкт кај мачките. Ако не научат да ловат од мајка си, тешко дека ќе научат понатака.
  10. Далматинците не се раѓаат со точки! Тие се раѓаат бели, а после неколку недели им се јавуваат точките.
One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.