
Да се претставиме!
Здраво пријатели, моето име е Деспина Ковачева (може сте ме сретнале како Le Pettit Atelier) и тука сме заедно со Луна (моето куче Westy Terrier). Мојата фамилија заедно со Луна имаме основано едно прекрасно катче за миленици по име “Луна Пет Шоп” кое постои веќе година дена. Во таа година се сретнавме со многу миленици како и со нивните прекрасни сопственици. Сите што не посетиле се секогаш насмеани со миленичиња кои не може да не ги сакате!! Но, секој од нив имал едно или две прашања кои секогаш ни ги поставувале. Поради таа причина јас се решив да го основам овој блог, да можам секогаш и во секое време да можам да ги одговорам прашањата, и секако да ви го дадам мој совет и мислење. Ова ќе биде нашето катче во кое ќе споделуваме слики, мислења и совети околу нашите миленици, а моите главни консултанти се секако Луна, како и мојата сестра Ангела (која студира ветерина).
За било кое прашање или совет слободно контактирајте не преку ФБ страната на Луна Пет: https://www.facebook.com/lunapetshop.skopje/ или на било кои од моите профили под името: Le pettit atelier.
Поздрав дечки, се слушаме или читкаме до нареден пат, а до тогаш останате ни насмеани и се гледаме со милениците низ парк! :)
