ЗА ШВАЛЕРКИТЕ И ДЕБЕЛИТЕ ИМ, ЕМ ПА И ГРДИ СОПРУГИ

“Јоој што волим кад година изда све поскупи сал јевтина пиииииииииип”.

НЕДЕЛНА КОЛУМНА.

Погодувате одиме со една весела тема,за една група на луѓе кои се во доцните педесети и се во криза на идентитетот и сексуалното себедокажување.Тие батковци како по правило ги подлазува некоја неброена пара благодарение на добрата среќа или на воловските четириесетти години кога само рмбаме,рмбаме..А знаеме кога човека ќе го подлази пара или му е куќа тесна или му е жена грда. Прво купуваат скапи џипови и по некоја бубица или од новите фиќовци колку да ги заплисне носталгија нели тате им ги возеше на село со тие олд-тајмери до село на косење или собирање компир и шипинки.Нели сега имаат многу слободно време па денот го дринчат по кафетериите насабјле ,напладне и навечер на кафе-шема со новостекнатите пријатели(обично раководители од државниот сектор,колку да им се најдат за некоја дозволичка за градба или по некој инспектор од битните ресори),А сопругите им се одвразни од ланец и истоварени до некој супер-мол со сто бутици и се БРЕНДИРААТ или се во паркчињата растрчани по гордоста на тато распекмезените синови и ќерки. Обично овие НОВОПЕЧЕНИТЕ ШВАЛЕРИШТА се сами а сопругите ги носат само на некоја комшсиска свадба или на слава кај дедо и баба.Таму истопорени се фоткаат фамилијарно со некој копан во една рака и цигарче во другата и фотките трк се лепат на фејс-профилот без да ги поминат со фото-шоп,манијачат кое пиленце ке им стегне лајк за брзо,брзо го БОЦНАТ…на фб де цццц.На фамилијарните седенки глумат тн. СРЕЌНИ СЕМЕЈСТВА,а душа би дале балдската додека мие садови…ама тоа е друга приказна.И додека така манијачат со пријателите снимаат”младо месо” и озборуваат, па фалење ее, оваа келнерката синојка пет пати ја згрбачил а евтино го коштала едно парфемче од cosmo и нешто џепарац,а за тоа дека излапал пола кило вијагра не се кажува ниту на другар од детството не па на овие новите френдови.
Додуша се е тоа европски терк повеќе разводи од тазе бракови имаме,нели.
Ајде сега една мала дигресија : има во милата ни Македонија и една друга група на мажишта кои се во доцните ергенски години не се сиромашни ама имаат еден хендикеп чорбаџии се во села оддалечени од најблиското населено место по околу 50 километри а знаеме дека никоја наша еманципирана македонка не би кршела нозе да живее во тие оддалечени краишта па макар секој ден јадела масло и кајмак,а и тие изродените во тие села чим запупат учат чколија по градовите и се мажат и на осумнаесет лета само и само да не се враќаат во тие диви краишта.И сега момците од тие села што да прават КУПУВААТ НЕВЕСТИ. Ај,сега не мора да е тоа буквално ама многу близу до вистината е со стројници,нормално за неколку илјади евра си земаат чупиња од Голо Брдо-Албанија,Косово и Санџак а во источна Македонија невестите се претежно од Русија,Украина или Бугарија.Тука во почетокот нема љубов ама со тек на годините се раѓа.Зашто по некоја беља трговец сум и познавам барем сто такви парови и ви тврдам за разлика од госпожите од почетокот на текстот овие девојчиња нашите рурални мажишта ги чуваат како ЦАРИЦИ.Додека новопечените бизнисмените кои имаат и над десетина жени околу себе немаат љубов ни за една а најмалку за таа што им е дома,тие љубовта ја искористуваат и нарцисоидно ја насочуваат кон себе а тие девојчиња ги користат како кукли за себезадоволување,ама секое тенџере си има свое капаче додека тие натегаат некое неумно келнерче или новопечена секретарка,нивните пријатели од државниот апарат обично се качени врз нивните сопруги,како најинформирани каде оди батката кога е на пат а кога качен на некоја ја одработуваат домашната задача.Сите среќни и ЗАДОВОЛЕНИ и капитализмот оди напред,времето не чека а среќата е променлива категорија и останува дилемата ДАЛИ Е ПОАРНО ДА ЈАДЕШ ТОРТА ВО ДРУШТВО ИЛИ Г….А САМ,а????