Девственоста како симбол на чесност и морална чистота: глупост од антички времиња

Според митологијата на христијанството, Марија била девица кога наводно господ го зачнал Исус во нејзината утроба. Тоа значи дека пред зачнувањето на Исус имала негибнат химен, односно дека немала коитус ниту со мажот Јосиф, ниту со било кој друг маж претходно.

Многу интересно прашање е — зошто семоќниот ентитет наречен господ одбрал мажена девица во која без коитус ќе го зачне својот син?

Зошто, да речеме, не одбрал мажена недевица која се’ уште немала родено дете. Па, дури и да имала родено, зар е важно тоа?! Сигурно имало добри и чесни мажени недевици кои имале редовен секс со своите мажи. Според господ, ако биле сексуално активни, овие жени се нечесни и нечисти? Морало да биде сексуално негибната, а?

Зошто би му пречело на господ да зачне свој син, да речеме, во чесна и добродушна недевица? Дајте да бидеме нелицемерни и да ги погледнеме фактите. Вистината е дека не му пречело на имагинарниот господ. Тој и онака постои само во мозоците. Им пречело на мажјаците од античко време.

Во антички времиња, девственоста како симбол за чесност била вметната во религиски митологии. И тоа доста пред христијанството. Концептот на зачнување на живот во девица од страна на божество не е за првпат воведен со христијанството. Го имале други религии векови наназад (Извор: http://listverse.com/2009/04/13/10-christ-like-figures-who-pre-date-jesus/). Се’ на се’ — се работи за антички булшит што се’ уште се сфаќа сериозно од огромен процент од светската популација и претставува основа за многу проблеми.

Не е проблемот во затуцаноста (намерно инсистирам на овој српски збор — одличен е!) на луѓето од 1. век наша ера. Проблемот е што има затуцан свет во 21. век тука меѓу нас. Некои од нив важат за интелектуална елита. Зборуваат за т.н. политичка хименопластика. За нив нема ништо спорно во тоа хименот да претставува симбол на чесност, а промискуитетна жена (погрдно: курва) — симбол на нечесност. И, капак на се’, хименот и промискуитетните жени ги користат како метафори за нечесност, особено на политичари (!?). Правењето на паралела помеѓу хименот/непромискуитетноста од една страна и чесноста/нелицемерноста од друга страна, пред се’ не е фер спрема женскиот род, а да не зборуваме за заблудите и предрасудите кои ги генерира и зацврстува кај целата популација. Примери:

Јадранка Костова, главен уредник на најкритичкиот неделен политички магазин Фокус: http://fokus.mk/fokus-express/sudska-himenoplastika-grujo-e-nevin-so-tapija/

Венко Андоновски, најтиражниот и најпознатиот современ македонски писател:

“И така, додека постои хименопластиката, ќе постојат постојано сè едни и исти, стари, а сепак невини политичари. Невиноста станува стока за сериска употреба, дел од потрошувачкото општество, оти се продуцира и репродуцира на индустриска лента, и никогаш не може да се исцрпи, како што никогаш, на пример, не може да се исцрпи производството на леб, оти и лебот, како и невиноста, постојано се троши, се консумира, но затоа и се произведува. Нов леб и нова невиност.”

Јове Кекеновски, универзитетски професор и припадник на политичката десница: http://www.mkd.mk/71716/kolumni/politicka-himenoplastika-kekenovski

One clap, two clap, three clap, forty?

By clapping more or less, you can signal to us which stories really stand out.