СФАТЕТЕ ГО ЖИВОТОТ КАКО ИГРА
Не го сфаќајте животот преозбилно.

Луѓето кои често се смеат и имаат здрава смисла за хумор, живеат подолго, имаат подобро здравје и се повитални од оние кои секогаш се озбилни и намуртени.
Нивната тајна за секогаш да бидат насмеани, не се крие во гените, туку во начинот како го сфаќаат животот и неговата суштина.
Тие одлучиле животот да го гледаат од ведрата страна, да не критикуваат, да не се жалат, да не озборуваат и тоа повеќекратно им се исплаќа.
Најдобар начин да се обезбеди здоволство, среќа, здравје, долговечност и виталност е да секојдневните случувања не ги примаме премногу озбилно и лично и да не создаваме проблеми таму каде што ги нема.
Иако во животот се случуваат и лоши работи и состојбите можат навистина да бидат многу озбилни како отказ од работа, тешка болест, или смрт во фамилијата, треба да знаеме дека се што се случува, има причина, и дека се треба да прифатиме со мисла дека сите случувања завземаат совршено место во нашиот живот.

Еве некои препораки како можеме да бидеме повесели, поведри и посреќни:
- бидете како дете и животот сфатете го како игра — бидејќи тоа и е
- прифатете ги случувањата такви какви што се
- на случувањата секогаш гледајте од здрава перспектива, едноставно се што се случува е за наше добро
- се е минливо во животот, минлив е и нашиот живот
- не размислувајте и не се нервирајте за тоа што не можете да го променете, само прифатете го
- ништо не е така озбилно како што ни изгледа на прв поглед
- опуштете се и дишете длабоко
Животот е повеќе како игра или музика, а помалку патување до целта, наведува британскиот филозоф Alan Watts.
Теба да знаеме дека сепак сите сме тука сами со тоа шти ни е дадено и дека патувајќи низ животот сигурно дека нешто и ќе научиме.
