ФИЛОЗОФИЈАТА МОЖЕ ДА ГИ НАУЧИ ДЕЦАТА ОНА ШТО GOOGLE НЕ МОЖЕ

На контролите на автомобили без возачи, на телефонската линија кога ќе се јавите на вашата банка или омилен продавач: сите знаеме дека роботите доаѓаат и во многу случаи тие веќе се тука. Во 2013 година, економистите од Мартин Школата од Оксфордскиот универзитет (Oxford University’s Martin School) проценија дека во следните 20 години, повеќе од половина од сите работни места ќе бидат заменети со интелигентна технологија. Без разлика дали ја сакате или мразите идејата за живот со роботи, неразумно е да се негира фактот дека децата што се денес во училиште ќе влезат на многу различно работно место утре — и тоа, ако имаат среќа. Не само што работните места нема да се враќаат од Кина, туку футуролозите предвидуваат дека високотехнолошката работа се повеќе се пренасочува кон дигитализација, исто како и ниско-технолошката.

Како треба едукаторите да ги подготвуваат младите граѓански и професионален живот во дигиталната ера? Лудитското уништување не е решение. Удвојувањето на инвестициите во предметите за наука, технологија, инженерство и математика (STEM) нема да го реши проблемот: високо-технолошката обука има свои имагинативни ограничувања.
. . . 
Во услови на политичка несигурност од 2016 година, ирскиот претседател Мајкл Д. Хигинс покажа лиредство во оваа област. “Учењето на филозофијата”, изјави тој во ноември, „е една од најмоќните алатки што ги имаме на располагање за да се поттикнат децата на дејствување како слободни и одговорни личности во нашиот се` покомплексен, меѓусебно поврзан и несигурен свет.” „Филозофија во училницата,“ истакна тој, го нуди „патот кон хуманистичка и жива демократска култура”.

Во 2013 година, кога Ирска се бореше со последиците од финансиската криза, Хигинс започна иницијатива на национално ниво, повикувајќи на дебата тоа што Ирска вреднува како општество. Резултатот е дека за првпат филозофијата беше воведена во ирските училишта во септември.

До целиот текст на аглиски јазик може да пристапите овде.