Говеда на четири тркала

Холанѓаните отсекогаш немале толку развиена велосипедска култура. Најпрво, биле посиромашни, возеле точаци. За неочекувано кратко време рапидно се збогатиле. Почнале масовно да купуваат автомобили. Драстично повеќе ги користеле. Им било поудобно, но крајните последици: 3.300 жртви (од кои 400 деца) само во 1971-ва година.

Чарето? Седење дома? Не. На улица, на протест, за да се промени начинот на живот.

За разлика од нив, ние во Македонија последниве десетина години рапидно не се збогативме, ама луѓето во драстично поголем број купија автомобил. Ако може, по еден за секој возрасен член на семејството. Резултатот? Шерифи кои се убедени дека имаат боговска улога во сообраќајот. Или можеби исфрустрирани мрзливци кои во мал град како Скопје комплексите ги лечат криејќи се зад железната шасија на автомобилот. Одење пеш, возење велосипед, користење јавен превоз, сè тоа е за клошари што, ние, секако, ниту најмалку не сме.

Чарето? На улица, на протест, секако не! Затоа што тоа ќе значи промена на начинот на живот. А нашиот од што е добар, не вреди ни петпари да дадеш за да се смени.

Show your support

Clapping shows how much you appreciated Александар Саздовски’s story.