Што значи да се биде дел од тимот на NASA Space Apps Challenge?

Ни еден човек не е остров сам за себе, велат искусните.

Секој човек е индивидуа сам за себе. Неговите карактерни црти, квалитети и погледи на животот го прават поинаков од останатите. Поспецифичен. Па така тој е потполн дури и со неговите слабости. Сепак тој сам тешко и дека ќе опстои.

Да се биде дел од тимот на NASA Space Apps Challenge е пред се чест. Тоа е оној момент кога си еден дел од бурекот па заедно со четвртините, осмините или половините ја составувате целата пита. Се зависи од бројот на членовите во играта кој потполно е оставен на тебе.

Да се биде дел од тимот е пред се добра дружба и забава. Работа претставена во вид на игра. Воедно добра можност да ги покажеш твоите вештини како и да се здружиш со нови кул луѓе. Се што ти треба е твојата волја и широка насмевка а за останатото ќе се погрижи организацијата создадена од гостопримливи астронаути/ки.

Да останеш индивидуа во целината е она прашање кое проаѓа низ сечија глава. Си дел кога се надополнуваш и надоградуваш со останатите членови на твојот тим. Па така со твојата насока и квалитети функционираш во целината создавајќи нешто поголемо од себеси. Вложениот напор на секој од вас го прави бурекот сеуште топол.

Да се биде дел од тимовите на NASA Space Apps Challenge е шанса која прелетнува и преку небото. Дали сѐ уште тоа претставува твојата граница? 
-Одлучи сам заедно со твојот тим.

Автор:
Симон Стојановски-дел од организацискиот тим на NASA Space Apps Challenge 2017 организиран во New Man’s Business Accelerator